Прејди на содржината

Паѓање

Од Википедија — слободната енциклопедија

Паѓање е расказ на полскиот писател Славомир Мрожек. Расказот е објавен на македонски јазик во 2011 година, од издавачката куќа „Темплум“, како дел од збирката „Пат околу светот во 20 раскази“. Преводот на македонски јазик го извршил Ѓорѓи Крстевски.

Содржина[уреди | уреди извор]

Расказот зборува за еден човек кој паѓа надолу, во провалија без крај. На почетокот, тој се обидува да се задржи, но при обидот да се фати за една гранка, нему му се придружува друг човек, кој исто така паѓа. Всушност, тие забележуваат дека наоколу паѓаат многу луѓе, кои се однесуваат на различни начини: некои се плашат, други се отмени, а трети се груби. Наеднаш, тие се доближуваат до една мала планета, направена од луѓе кои паѓаат заедно, држејќи се за рацете. Сепак, во последен миг, сосема случајно, тие успеваат да се спасат, но потоа запаѓаат во зона со магла, каде нивните лица полека исчезнуваат, а рацете им се разделуваат.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Владимир Јанковски (уредник), Пат околу светот во 20 раскази: Антологија на светскиот расказ, Темплум, Скопје, 2011, стр. 181-193.