Патна исправа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Македонски пасош, вид на патна исправа

Патна исправа е личен документ кој го издава влада или меѓународна организација заради патување на индивидуалци или групи преку граница, во склад со меѓународните договори. патните исправи најчесто се во форма на книшка, каде има листови на кои може да се внесат визи, и влезни печати.

Дозвола за патување со означено место до каде се патува, цел на патувањето, датум на враќање, како и целосен опис на лицето кое патува. Издадена од Галичката околија, на 27 мај 1916 година.

Видови патни исправи[уреди | уреди извор]

Најчест вид на патна исправа е пасошот.[1] Сепак, вид на патна исправа е патна исправа за бегалец.

Според Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија, видови на патни исправи се: пасош, заеднички пасош, дипломатски пасош, службен пасош, патен лист, и други патни исправи кои се издаваат врз основа на меѓународни договори.[2]

Како патна исправа за премин во некои земји служат и неколку други документи, како што се: лична карта и возачка дозвола.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]