Париски кодекс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Париски кодекс
Национална библиотека на Франција
Paris Codex, pages 23-24.jpg
Последните две страници од Парискиот кодекс, каде е прикажан мајанскиот „зодијак“
Наречен иКодекс Перезиниус, Кодекс Перез
Типкодекс
Година на изработкапосткласичен период (околу 900-1521)
Место на изработкаЈукатан, Мексико
Language(s)Мајански јазик
Големина140 на 23,5 сантиметри
Состојбаоштетен
ПисмоМајански ракописи
Содржинаритуали и календари
Откриен1859 во Царска библиотека

Париски кодекс (исто така познат како Кодексот Перезиниус и Кодексот Перез) е еден од трите преживеани општо прифатени пред-колумбовски мајански книги кои потекнуваат од посткласичниот период на мезоамериканската хронологија (околу 900-1521).[1] Документот е многу слабо сочуван и претрпел значителна штета на рабовите, што довело до губење на некои делови од текстот. Кодексот во голема мера се однесува на циклусот на тринаесетте циклуси од 20-годишниот катун и вклучува детали на мајанските астрономски знаци.

Парискиот кодекс се смета дека е создаден во западен Јукатан, најверојатно на Мајапан. Датиран е околу 1450 година, во доцниот посткалсичен период (1200–1525 година). Во поново време се сугерира дека овој текст потекнува од 1185 година, со што овој документ се вбројува меѓу оние настанати во почетокот на посткласичниот период (900-1200 година). Како и да е, астрономските и календарските информации кои ги содржи кодексот се во контекст на циклусот од класичниот период (од 731 до 987 година), со што се покажува дека можеби овој кодекс е копија на претходен документ.

Парискиот кодекс се чува во Националната библиотека на Франција во Париз, каталогизиран како Мексикански документ 386.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Sharer and Traxler 2006, p. 126.
  2. Noguez et al 2009, p. 17. Bibliothèque Nationale de France 2011.