Париска мировна конференција (1946)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Втората Париска мировна конференција се одржувала од 29 јули до 15 октомври во 1946 година. А резултирала со париските мировни договори на 10 февруари во 1947 година. На конференцијата, на сојузниците, особено во САД, Велика Британија, Франција и Советскиот Сојуз како победници на Втората светска војна преговарале за деталите на мировни договори со Италија, Романија, Унгарија, Бугарија и Финска.

Според договорот Италија, Романија, Унгарија, Бугарија и Финска биле во можност да се конституират како суверена нација и повторно да се здобијат со статус на меѓународен правен субјект и да се кандитират за членсто во Обединетите нации.

Договорите биле регулирани на исплата на воените репарации, и се образувале на почитување на правата на националните малцинста во државите членки. Крајот на италијанското колонијално владеење во Африка и територијална промени на границите меѓу Италија и Југославија, Унгарија и Чехословачка, Унгарија и Романија, Советскиот Сојуз и Романија, Романија и Бугарија, Италија и Франција, Советскиот Сојуз и Финска.

договорите предвидуваат дека земјите-потписнички мора да прeвземат: да се земат сите мерки за да се осигура дека сите лица во рамките на (нивните) меѓународни кривчни права ќе бидат заштитени, без дискриминаторски одредби врз оснава на расата, полот, јазикот или религијата, и ќе постои почитување на човековите права и основните слободи на сите поединци, вклучувајќи ја и слободата на говорот, печатот, и исповедување на религијата, политичко организирање и јавни собири. Секоја земја потписничка ќе мора да ги преземе потребните чекори со кое би ги спречила фашистичките или други политички, воени и полувоени организации, чија цел е одбивањето на демократските права на граѓаните.

Воени репарации[уреди | уреди извор]

Проблем од воените репарации се докажал како еден од најтешките што се појавил после-воените услови. Советскиот Сојуз, била земјата најтешка погодена од војната. Во случај на Романија и Бугарија, репарациите биле многу високи и не биле ревидирани. Финска била единствената земја која имала целосно платени репарации.

Биле договорени следните репарации (по цени од 1938 година):

Италија требала да исплати репарации во износ од 360.000.000 $ од кој:

-125.000.000 $ на Југославија;

-105.000.000 $ на Грција;

-100.000.000 $ на Советскиот Сојуз;

-25.000.000 $ на Етиопија;

Финска платила репарации на Советскиот Сојуз во износ од 300.000.000 $.

Унгарија морала да плати репарации во износ од 300.000.000 $, од кои :

-200.000.000 $ на Советскиот Сојуз; -100.000.000 $ на Чехословачка и Југославија.

Романија на Советскиот Сојуз требала да плати репарации во износ од 300.000.000 $.

Бугарија требала да плати репарации во износ од на 70.000.000 $ од кои:

-45.000.000 $ на Грција;

-25.000.000 $ на Југославија.

<gallery perrow=6> Слика:Slovakia borderHungary.png| Територија која Германија и ја вратила на Чехословачка Слика:Northern Transylvania yellow.png| Територија која Германија и ја вратила на Романија Слика:Romania WWII.png| Територија која Романија и предала на Бугарија и Советскиот Сојуз Слика:Danube19401948.svg| Граница помеѓу Романија и Советскиот Сојуз на долниот тек на реката Дунав Слика:Finnish areas ceded in 1944.png| Територија која Финска и ја предала на Советскиот Сојуз