Прејди на содржината

Парагвајска кампања

Од Википедија — слободната енциклопедија
Парагвајска кампања
Дел од Латиноамерикански војни за независност
Датум септември 1810 – март 1811
Место Парагвај
Исход Парагвајска победа. Парагвај се стекнал со независност од новоослободениот Буенос Аирес.[1] Неколку месеци подоцна ќе се прогласи и независноста на Парагвај
Завојувани страни
Обединети Покраини на Рио де ла Плата Парагвај
Команданти и водачи
Мануел Белграно Бернардо де Веласко
Фулхенсио Јегрос
Сила
околу 1,000-2,000 луѓе [2] Шпански трупи: околу 1,500 луѓе
Парагвајски патриоти 3,500 луѓе
Жртви и загуби
Околу 500-1,000 луѓе (убиени, ранети и затворени) Околу 500-1,000 луѓе (убиени, ранети и затворени)

Парагвајската кампања (1810–11), или во Парагвај позната и како Војна за независност[3], бил воен обид на воените сили на Обединетите Покраини на Рио де ла Плата, предводени од Мануел Белграно, да ја заземат територијата на Парагвај, да ја припоат кон териториите на новосоздадената Обединети Покраини (и двете наследнички и исти по политичка тежина во Вицекралството Рио де ла Плата), сè во името на Мајската револуција. Првите битки на војната биле битката на Кампичуело и битката на Кампо Маракана, битки каде силите на Буенос Аирес забележале победи. Сепак, лаплатските сили биле уништени за време на следните битки, односно битката на Парагвари и битката на Такуари. Буенос Аирес забележал воен неуспех за време на оваа војна, а Парагвај првично се ослободил од влијанието на новосоздадената Обединети Покраини на Рио де ла Плата а подоцна и од шпанската колонијална власт во земјата. Ова е почетокот од процесот на целосна независност на Парагвај.

Намерите на Буенос Аирес

[уреди | уреди извор]

Три месеци по создавањето на Примера хунта (првата влада на независните Обединети Покраини на Рио де ла Плата), Мануел Белграно бил назначен за командир на армијата чија цел била обезбедување поддршка за независноста од шпанска власт на поранешните покраини на Вицекралството Рио де ла Плата: Кориентес, Санта Фе, Парагвај и Банда Ориентал. По неколку дена тој добил поспецифична задача: целта била првично Парагвај како најдистанцирана во политичка смисла од Буенос Аирес.Буенос Аирес имал сознанија дека патриотската партија таму имала силно влијание и било потребно само мала армија да се сузбие тамошната партија.[4] Верувајќи во таквите информации, Белграно тргнал кон Парагвај и имал замислено две цели: да загарантира лојалност на Парагвај кон хунтата (Обединетите Покраини) или да промовира нова власт која би била пријателски расположена кон Буенос Аирес.

Белграно тргнал на север со околу 200 луѓе и очекувал да собере повеќе луѓе по пат. Армијата прераснала во 950 луѓе, составена од коњаница и пешадија, поделена на 4 дивизии.[5]

Парагвајскиот конгрес

[уреди | уреди извор]

„Овој Конгрес нема да разговара за тоа дали е неговиот содомски Крал или неговиот слаб син, нашиот владетел. Никој од нив нема повеќе моќ во Парагвај. Овој Конгрес мора да разговара за начинот на заштита на нашата независност од Бразил, Буенос Аирес и Лима... Парагвај е слободен, е независен, и е република...“

— Хосе Гаспар Родригес де Франсија, говор на Парагвајскиот Конгрес на 24 јули 1810.[6]

Парагвај бил изолиран регион во Вицекралството Рио де ла Плата, што резултирало со значително посилни идеи за регионална независност одошто во останатите покраини на Вицекралството.[7] Патот на парагвајската независност започнал со конгресот од 24 јули 1810 година, кој бил свикан од страна на последниот колонијален гувернер, Бернардо де Веласко, на Парагвај за да се искаже лојалноста на покраината кон шпанскиот престол. Парагвајците навистина не сакале да се приклучат кон Буенос Аирес (или Обединетите Покраини, држава во кога влегле скоро сите поранешни покраини на Вицекралството) и затоа се согласиле да останат верни на шпанскиот престол. Сепак, ситуацијата се променила кога голем број од парагвајските патриоти ја презеле контролата и запопнале со активности за целосна независност на Парагвај, и од шпанска и од лаплатска контрола. Најистакнати биле Фулхенсио Јегрос, Педро Хуан Кабаљеро и Хосе Гаспар Родригес де Франсија.[8]

Ова било целосно игнорирано од страна на Белграно кога почнал да навлегува во Парагвај. Тој сметал дека ќе наиде на поволна за него политичка клима во Парагвај.[4]

Последици

[уреди | уреди извор]

Парагвајската кампања била целосен пораз на Примера хунта, односно Обединетите Покраини, од воена гледна точка. Парагвајците сметаат дека поразот на Белграно резултирал со парагвајска независност од Буенос Аирес и неговото подрачје на влијание, а отворил пат и за целосна независност од шпанска управа. По оваа војна, Асунсион прекинал односи со Буенос Аирес, двете држави останале во добри односи, но до ден денес не се во ист политички ентитет.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Luna, Félix (2004). Grandes protagonistas de la Historia Argentina: Manuel Belgrano (шпански). Buenos Aires: Grupo Editorial Planeta. ISBN 950-49-1247-8.
  • García Mellid, Atilio (1964). Proceso a los Falsificadores de la Historia del Paraguay, Volumen I (шпански). Buenos Aires: Ediciones Theoria.
  • Thompson, George (1869). The War in Paraguay. With a historical sketch of the country and its people and notes upon the military engineering of the war (англиски). London: Longmans, Green and Co.
  • Bray, Arturo (1954). Hombres y Epocas del Paraguay, Primer Volúmen (шпански). Asuncion: Ediciones Niza.
  • Mitre, Bartolomé (2011). Historia de Belgrano y la Independencia Argentina, Dos Volúmenes (шпански и англиски). U.S.: Nabu Press. ISBN 9781247596389.
  • Vittone, Luis (1976). Dos Siglos de Política Nacional (шпански). Asunción: Imprenta Militar.
  • Moreno, Fulgencio R. (1926). Estudios sobre la Independencia del Paraguay, Volumen I (шпански). Asunción: Ediciones América.
  1. Vittone, p. 24 - 27
  2. See Mitre's "Historia de Belgrano y de la Independencia Argentina".
  3. García Mellid, p. 77
  4. 4,0 4,1 Luna, p. 60
  5. Luna, p. 63
  6. Bray, p. 26
  7. Instituto Nacional Belgraniano – Campaña al Paraguay Архивирано на 5 август 2012 г.
  8. F.R. Moreno, p. 69

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]