Отворање на устата (ритуал)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фараонот Ај го врши ритуалот на отворање на устата за Тутанкамон.

Отворање на устата бил староегипетски ритуал опишан во погребните текстови, на пример во текстовите од пирамидите.

Погребна магија[уреди | уреди извор]

Фрагмент од релјеф на кој е прикажано давање на месо за време на ритуалот.

Ритуалот вклучува симболично оживување на статуата или мумијата со магично отворање на устата, така што починатиот во задгробниот живот може да дише и да зборува. Постојат докази дека овој ритуал се практикува уште од Старото Кралство, а последен пат се забележува во римскиот период. Специјални алатки се користеле како ритуална тесла, позната како песешкаф, нож со глава на змија и разни амајлии.

Старите Египќани верувале дека душите на луѓето во задгробниот живот имаат потреба од храна и вода за да преживеат. Ритуалното отворање на устата било изведувано така што покојникот можел да ја користи устата за јадење, пиење и разговор во наредниот живот и затоа било исклучително важен ритуал за задгробниот живот.

Ритуалот имал вкупно 75 постапки и неговата најкомплетна варијанта била составена од фази:[1]

  • Постапка 1-9 Прелиминарен ритуал
  • Постапка 10-22 Оживување на статуата
  • Постапка 23-42 Подароци од месо од Горниот Египет
  • Постапка 43-46 Подароци од месо од Долниот Египет
  • Постапка 47-71 погребен оброк
  • Постапка 72-75 церемонија на затворање

Книга на мртвите[уреди | уреди извор]

Книгата на мртвите настанала од текстовите во пирамидите и текстовите од ковчезите во Новото Кралство, а содржи и чинки за отворање на устата. Овие чинки самите жртви ги фрлале на себе:[2]

Мојата уста ја отвора Птах,
Оковите на мојата уста ми го одврзува мојот градски бог.
Тот дојде тука опремен со чинки,
Го релаксира синџирот на Сет од мојата уста.
Атум ми ги дава моите раце,
Тие беа поставени како чувари.
Мојата уста ми е подарена,
Мојата уста ја отвора Птах,
Со тоа метално длето
Со кое ги отвори устите на боговите.
Јас сум Сехмет-Вадет кој живее западно од рајот,
Јас сум Сахет меѓу душите на Он.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „The Opening of the mouth ritual“. Архивирано од изворникот на 22 август 2014. Посетено на 1 септември 2018. University College London
  2. Lichtheim, Miriam (1976). Ancient Egyptian Literature, vol 2. London, England: University of California Press. ISBN 978-0-520-02965-1.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Lichtheim, Miriam (1976). Ancient Egyptian Literature, vol 2. London, England: University of California Press. ISBN 978-0-520-02965-1.