Тесла

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тесла
Користење на тесла при делкање на трупци

Тесла е алатка која служи за делкање или мазнење на грубо исечено дрво при рачна обработка.

При обработка на дрвото со тесла, обично се опчекорува даската или трупецот и се замавнува со теслата надолу во правец на стапалата, сечејќи, кинејќи, кршејќи или со еден збор делкајќи делови од дрвото, при што се поместува наназад оставајќи пред себе релативно мазно обработена површина на дрвото.

Теслата може да се искористи и за други операции, како што е сечење на дрва.

Сечилото на теслата, за разлика од секирата е поставено нормално во однос на дршката, односно се наоѓа во иста положба како и сечилото на мотиката.

Теслата се користи и во градежништвото. Теслата од другата страна е обликувана како чекан па со неа може да се зачукуваат шајки. Од предната страна на делот кај сечилото обично има погоден отвор кој служи за вадење на шајки.

Шаблон:Алатки