Остров Сан Микеле

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Остров Сан Микеле
Isolasanmichele.jpg
Географија
Координати45°26′49″ СГШ; 12°20′49″ ИГД / 45.447° СГШ; 12.347° ИГД / 45.447; 12.347Координати: 45°26′49″ СГШ; 12°20′49″ ИГД / 45.447° СГШ; 12.347° ИГД / 45.447; 12.347
Соседни водни површиниВенецијанска Лагуна
Управување
РегионВенето
ПровинцијаВенеција


Сан Микеле (италијански: Isola di San Michele) — остров во Венецијанската Лагуна, северна Италија, во близина на Канареџо.

Тој претставува градски гробишта (cimitero) уште од почетокот на XIX век. Бидејќи Венеција е островска заедница, не е ни чудо што нејзините гробишта се наоѓаат на остров исто така. Оформен од 2 поранешни острови, кои сега се споени заедно, островот Сан Микеле е посветен на мртвите и е целосно окупиран од цркви и долги редици на гробови.

Историја[уреди | уреди извор]

Заедно со соседните Сан Кристофоро, островот претставувал популарно место за локалните патници и рибарите кои поминувале од овде. Црквата од 1469 година е првата ренесансна црква во Венеција, а овде се наоѓа и манастир кој претходно служел и како затвор.

Сан Кристофоро бил избран да стане гробишта во 1807 година, дизајниран од Џан Антонио Селва, кога под француска окупација било одредено дека погреб на главните венецијански острови би било нехигиенски. Каналот што ги одвоил двата острови бил исполнет во текот на 1836 година, а потоа и поголемиот остров бил познат како Сан Микеле. Телата биле пренесени на островот на специјални погребни гондоли. Меѓу нив биле и оние на Игор Стравински, Јосиф Бродски, и.т.н.

Гробиштата денес[уреди | уреди извор]

Гробиштата во Италија не се вообичаена туристичка дестинација.Тие често се лоцирани надвор од градовите,а со локацијата и изгледот привлекуваат голем број на странсkи туристи.Остатоците често се погребувани во високи гробници подредени во редици налик на комода.Фотофрафиите од починатите се честа појава на ваквиот вид на гробници и,откако ќе се навикнете на нив,претставуваат допирливи споменици на паровите во нивната најдобра облека и типови на фризура од дваесеттиот век.Италијанците прават патешествија до овие гробишта,масовно упатувајќи се таму на 1-ви и 2-ри Ноември, да положат цвеќе (кое обично се продава на тезгите пред капијата на гробиштата).Посетителите овде ќе забележат дека хризантемите се сметаат како цвеќе за мртвите и претставуваат многу несоодветен подарок за живите.Во Венеција на овие датуми има организирано дополнително додадени ферибродови до гробиштата.

Гробиштата се поделени во многу делови, и без мапа тоа е многу збунувачки сајт. Знаците ќе ги одведат посетителите на православните и протестантските гробишта; другите делови се потешки за лоцирање. Лутање околу може да биде интересно и допирливо искуство. Една област е предадена за скромни споменици на монахињите и понекогаш помалку скромни гробови на свештеници. Според прирачникот Time Out, постои дел за гондолиери, иако сѐ уште не е пронајден. Многу од неодамнешните гробови изгледаат многу кич и чудни за туѓите очи - некои украсени со тажни фотографии од мртвите и со орнаменти, детски играчки и слично.

Православната област е шармантна ѕидна градина која зафаќа доцна сончева светлина и е полна со гуштери. Наспроти далечниот ѕид посетителите ќе ги најдат гробовите на Сергеј Диагилев и Игор Стравински, кои се украсени со прилози на балети и љубители на музика. Другите гробови околу ѕидовите се исто така фасцинантни, со сведоштво за животите на прогонетите во Венеција на денови поминати - руски принцези и грофови, на пример. Езра Паунд е погребан во протестантскиот дел - неговиот гроб е тешко да се забележи; тоа е лево од централниот пат и наликува на цветница.

Просторот е ограничен на островот, иако проширувањето е во тек, а погребите се стегаат цврсто. Денес за мртвите Венецијанци се гарантира само неколку години одмор на Сан Микеле. По период од околу десет години, остатоците се ексхумирани и складирани во костурница. Дискретни информативни табли околу влезот го набројуваат распоредот за ексхумации.

Гробиштата денес содржат 7 воени гробови од Првата светска војна на офицери и морнари на Кралската морнарица[1].

Сан Микеле:Црквата и капелата Емилијани[уреди | уреди извор]

На островот има две цркви, големата Сан Микеле во Изола и помалата Сан Кристофоро. Сан Микеле била дизајнирана од Mauro Codussi во 1460-тите и била една од најраните ренесансни цркви во Венеција, со бела фасада од ирски мермер со поглед на лагуната. Работното време на црквата е ограничено, и може да се скрати уште повеќе ако се случуваат миси. Вреди да ја одредите вашата посета соодветно, не само за да ја видите црквата, туку и да ја видите внатрешноста на прекрасната соседна Капела Емилијани, на која може да и се восхитувате преку вратата на задниот дел од црквата. На Оваа капела, која се наоѓа на работ на лагуната, исто така може да и се восхитувате од балконот склон на поплави надвор, и од ферибродови. Морската трева на асфалтот околу тоа покажува колку е опасна нејзината состојба на крајбрежјето, иако металните бариери го штитат од некои од брановите од чамците што минуваат. Неодамна зградата беше обновена од страна на британската организација Венеција во Перил, и сега изгледа како нова.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. [1] CWGC Cemetery Report.