Османлиско-мамелучка војна (1485–1491)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Османлиско-мамелучка војна
(1485–1491)
Дел од Отомански војни на Блискиот Исток
Датум 1485-1491
Место Анадолија, Сирија
Исход Stalemate
Завојувани страни
Османлиско Царство Османлиско Царство Мамелучки Султанат
Команданти и водачи
Османлиско Царство Бајазит II Каитбег
Сила
60,000 непознато

Османлиско-мамелучката војна траела во периодот од 1485 до 1491 година. Конфликтот започнал кога Отоманското Царство го нападнала Мамелучкиот Султанат на територијата на Анадолија и Сирија. Оваа војна била суштински настан во борбата на Османлиите за доминацијата на Средниот Исток.

Позадина[уреди | уреди извор]

Односот меѓу Отоманците и Мамелуците биле заладени поради натпреварот за контрола на трговијата со зачини, а Османлиите се стремиле за зазимање на светите исламски градови. Двете држави сепак биле разделени со тампон зона и земји како Караманија, Ак Којунлу, Рамаданија и Дукладирија. Овие земји постојано зазимале страна во конфликтот на двете земји. Кога во 1481 година Бајазит II седнал на престолот, неговиот брат Кем султан кој имал голема поддршка во Анадолија започнал востание за престолот. Кога бил поразен тој побарал засолниште кај Рамаданија од каде заминал кај Мамелуците.Иако тие одбиле да му помогнат во конфликтот, овој чин предизвикал големо непријателство кај Бајазит. Односите дополнително се заладиле кога бил заробен османлискиот амбасадор кој се враќал од Декан со индискиот амбасадор со подароци за османлискиот султан.