Оселвар (брод)
Оселвар или Оселвер е мал дрвен чамец на весла кој традиционално се прави и користи по должината на западниот брег на Норвешка. Оселвар е брод изграден со клинкер методот на градење чамци, каде што рабовите на даските на трупот меѓусебно се преклопуваат. Изграден е со тенки, многу широки даски. Речиси сите делови на Оселварот се направени од бор, а само кобилицата од даб.[1][2]
Оселварот заедно со преобликување на традиционалниот процес на учење на изградба и употреба во современиот контекст во 2016 година беше вклучен во списокот наУНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото во Регистарот на добри пракси на заштита.[3]
Историја
[уреди | уреди извор]Овој вид на чамци стотина години бил многу вообичаен во надворешните региони на Хордалан. Името го добил по главното важно градилиште за овој вид на бродови во текот на 18 век, на устието на реката Оселва во Ос во округот Хордалан. Во раните 1800-ти, бродоградбата била важна индустрија во Ос и соседното село Тиснес, од другата страна на фјордот. Стилизираната фигура на Оселвар се појавува на грбот на општината Ос.
Од периодот најмалку од 1500-тите и продолжувајќи во 1860-тите, овие чамци биле извезувани во комплет воглавно на Шетландските и Оркниските Острови. За време на преминувањето на Северното Море, дрвените чамци биле раставувани, а потоа „спакувани“ за испраќање. Наместо да испраќаат комплицирани инструкции за монтажа, тие испраќале норвешки бродоградители да ги изградат повторно.[4]
Иако на почетокот работниот ред или едрилицата, Оселвар исто така имаат долга традиција и како рекреативен занает. Брод кој што можел да постигне и грациозност и брзина бил совршен за натпревари во едрење и веслање. Првата регата била организирана од Здружението на едриличари во Берген на Летниот ден во 1871 година. Денес неколку клубови и едриличарски здруженија се занимаваат со промовирање на традицијата на Оселвар, како брод за спорт и разонода во 2009 година бродот бил прогласен за норвешки национален брод во анкетата на Норвешкото друштво за спасување на морето.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „oselver“. snl.no. Посетено на 30 мај 2021.
- ↑ „Oselvarverkstaden“. oselvarverkstaden.no. Посетено на 30 мај 2021.
- ↑ „Oselvar boat - reframing a traditional learning process of building and use to a modern context“. unesco.org. Посетено на 30 мај 2021.
- ↑ „Oselvarverkstaden“. oselvarverkstaden.no. Посетено на 30 мај 2021.