Ориентализам (книга)
| Автор | Едвард Саид |
|---|---|
| Земја | САД |
| Јазик | Англиски |
| Предмет(и) | Ориентализам |
| Издавач | Книги на Пантеон |
Издадена | 1978 |
| Медиум | Печатено (Тврд покрив и Мек покрив) |
| Страници | 368 |
| ISBN | 978-0-394-42814-7 |
| OCLC | 4004102 |
| 950/.07/2 | |
| Клас. КБ | DS12 .S24 1979 |

Ориентализам (анг. Orientalism) е книга на Едвард Саид од 1978 г. која имала големо влијание на постколонијалните студии. Во книгата, Саид пишува дека „ориентализмот“ е констелација на погрешни претпоставки врз кои се темелат западните ставови кон Блискиот Исток. Ваквите дури и научни дела се оптоварени со „суптилни и сеопфатни евроцентрични предрасуди кон арабо-исламските народи и нивните култури“[1]. Тој сметал дека долгата традиција на романтизирани слики на Азија и Блискиот Исток во Западната култура служела како имплицитно оправдание за европските и американските колонијални и империјални амбиции. Саид со иста жестина се спротивставувал на практиката на арапските елити кои ги внедриле (прифатиле и применувале) идеите на американските и британските колонијалисти за арапската култура.
- Досега, што се однесува на САД, би било само благо претерување да се изјави дека муслиманите и Арапите се гледаат или како добавувачи на нафта или како потенцијални терористи. Многу малку од деталите, човечката густина, страста на арапско-муслиманскиот живот се навлезени во свеста дури и на оние чија професија е да известуваат за Арапскиот свет. Наместо тоа имаме серија на груби, есенцијализирани карикатури на исламскиот свет претставени на начин што го прават тој свет ранлив за воена агресија[2].
Напомена: до почетокот на XIX век, односно до распадот на Отоманското Царство, под Близок Исток се сметал и голем дел од Балканот, кој ја вклучувал и Македонија.
| Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Keith Windschuttle, "Edward Said's "Orientalism revisited," The New Criterion January 17, 1999, accessed January 19, 1999.
- ↑ Edward W. Said, "Islam Through Western Eyes," Архивирано на 16 јуни 2009 г. The Nation April 26, 1980, first posted online January 1, 1998, accessed December 5, 2005.