Оптичка мамка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Оптичка илузија)

Оптичка мамка (оптичка илузија) — лажно восприемени слики кои во реалноста се разликуваат од тоа што окото го гледа. Постојат три вида на оптички илузии: буквални - оптички илузии кои создаваат слики кои се разликуваат од елементите во неа, физиолошки - оние кои се дејствуваат врз очите и мозокот со помош на прекумерна стимулација на некој елемент (осветленост, контраст, боја, движење), и когнитивни илузии - кога окото и мозокот се несвесно се збунуваат.

Информациите од окото се обработуваат во мозокот за да се перцепира дека не се совпаѓаат со физичките мерки на стимул изворот. Постојат три главни типови: буквални оптички илузии кои создаваат слики што се поинакви од предметите коишто ги прават, физиолошки - кои се ефект на окото и мозокот на прекумерна стимулација на посебен вид (светлина, накосеност, боја, движење), и когнитивни илузии при што окото и мозокот донесуваат несвесни заклучоци. Познати се и како “умствени игри”.

Физиолошки мамки[уреди | уреди извор]

Физиолошките илузии, како што се светлите ефекти после сликата, или претерано адаптирање стимулации на променливите примероци (случајни перцептивни ефекти потоа), се претпоставува дека се ефектите врз очите или мозокот на прекумерна стимулација на посебен вид-светлост, накосеност, боја, движење итн. Теоријата е дека стимулациите имаат одредени нервни патишта во раните фази на визуелна обработка, и дека повторувачката стимулација од еден или неколку канали предизвикува физиолошка нерамнотежа што ја менува перцепцијата.

Хермановата мрежна илузија и Мак лентите се две илузии што најдобро се објаснуваат со биолошки пристап. Странична забрана , каде што приемчивата област од очната мрежница за светлина и темните рецептори се натпреваруваат помеѓу себе за да станата активни. Оваа забрана се користи за да објасни зошто гледаме ленти на зголемена светлина на различната колоритна граница кога ги гледаме Мак лентите. Штом еден рецептор е активен, ги спречува соседните рецептори. Оваа забрана создава контраст, осветлување на рабовите. Во Хермановата мрежна илузија се појавуваат сиви точки во пресекот поради спорниот одговор кој се јавува како резултат на зголемено темно опкружување. Страничната забрана се користи за да се објасни Хермановата мрежна илузија, но тоа е побиено. Поновите “емпириски” пристапи кон оптичките илузии имале незначителен успех во објаснувањето на оптичките феномени кои се бранат со теориите засновани на странична забрана.

Когнитивни илузии[уреди | уреди извор]

Се претпоставува дека когнитивните илузии се јавуваат од интеракција со претпоставки за светот, што води до “несвесни заклучоци”, идеја којашто првпат е предложена во 19 век од Херман Хелмхолц. Когнитивните илузии се поделени во двосмислени илузии, искривени илузии, парадокса илузии или фиктивни илузии.

1.Двосмислените илузии се слики или предмети кои измамуваат перцептивна “врска” помеѓу алтернативните толкувања. Коцката Некер е добро познат пример; ист случај е и со вазната Рубин.
2.Искривените илузии се одликуваат со искривување на големината, должината или кривина. Впечатлив пример е илузијата Кафуле ѕид. Друг пример е познатата илузија Милер-Лаер.
3.Парадокс илузиите се создадени од предметите кои се парадоксални или невозможни, како што е триаголникот Пенроуз или гледање невозможни скалишта, на пример во М. Ц. Ешеровите Растечки и Слегувачки како и Водопад. Триаголникот е илузија која зависи од когнитивните недоразбирања чиишто соседни рабови мора да се спојат.
4.Фиктивните илузии се дефинираат како перцепција на предмети кои не постојат вистински за сите, туку само за еден набљудувач, како оние поттикнати од шизофренија или халуциноген. Тие всушност се наречени халуцинации.

Објаснување на когнитивните илузии[уреди | уреди извор]

Перцептивна организација[уреди | уреди извор]

За да има смисла светот, неопходно е да се организираат претстојните чувства во информации кои се значајни. Гешталт психолозите сметаат дека еден начин на кој ова е направено е преку гледање на поединечните сетилни стимули како значајна целина. Гешталт организацијата може да се користи за да објасни голем број илузии, вклучувајќи ја илузијата Патка-Зајак, каде што сликата како целина се префрла и од напред и од назад од патка во зајак, и зошто во илузијата со фигура-земја, фигурата и земјата се двонасочни. Покрај тоа, Гешталт теоријата може да се користи за да се објаснат илузорните црти во триаголникот Кенижа. Се гледа бел триаголник што плови, кој всуност не постои. Мозокот има потреба да гледа познати едноставни предмети и има тенденција да создава “целосна” слика од поединечни елементи. Гешталт значи “форма” или “облик” на германски. Сепак, друго објаснување на триаголникот Кенижа е засновано во развојната психологија и фактот дека за да се преживее важно е да се види формата и границите. Употребата на перцептивната организација да создаде значење од стимули е начелно, наспроти другите добро познати илузии вклучувајќи ги невозможните предмети. Нашиот мозок го сфаќа значењето на формите и симболите, редејќи ги како сложувалка, формулирајќи го она што не е таму во она што е веродостојно.

Длабинска и движечка перцепција[уреди | уреди извор]


Илузиите може да се засноваат на способноста на поединецот да гледа во три димензии, и покрај тоа што сликата што ја погодува ретината е само дводимензионална. Илузијата Понзо претставува пример за илјијил узија кој ги користи знаците од окото на длабинска перцепција за да го измами истото. Во илузијата Панзо паралелните конвергентни линии му кажуваат на мозокот дека сликата што се наоѓа повисоко во визуелното поле е подалеку, според тоа мозокот ја гледа сликата поголема, иако двете слики што ја погодуваат ретината се од иста големина. Оптичката илузија гледана во диорама/лажна перспектива, ги користи претпоставките засновани на знаците од окото на длабинска перцепција. Сликата Водопад на М.Ц. Ешер ги користи правилата на длабочина и близина и нашето разбирање на физичкиот свет да создаде илузија. Како и длабинската, така и движечката перцепција е одговорна за голем број на сетилни илузии. Филмската анимација е заснована на илузијата дека мозокот гледа серија од малку поинакви слики произведени брзо еднаподруга како слика која се движи. Исто така, кога се движиме, како и кога возиме, стабилните предмети околу нас ни се чини дека се движат. Можеме да гледаме и некој голем предмет, како што е авинот, да се движи побавно отколку помалите предмети, како што е автомобилот, иако поголемиот предмет е всушност оној којшто се движи побрзо. Феноменот Фај е уште еден пример за тоа како мозокот го гледа движењето, кое пак, најчесто е создадено од трепкачки светла блиску едноподруго.

Постојаност на боја и светлина[уреди | уреди извор]

Перцептивната постојаност е извор на илузии. Постојаноста на бојата и светлината е одговорна за тоа што веќе познат предмет ќе се појави со иста боја, без оглед на количината или бојата од светлината која се рефлектира. Илузија на боја или пак, контрасна разлика може да се создаде кога светлоста или бојата на областа околу непознат предмет се менува. Контрастот на предметот ќе биде потемен од црното поле кое рефлектира помалку светлина споредено со белото поле, иако предметот сам по себе не ја менува бојата. Слично на тоа, окото ќе надомести за колоритниот контраст во зависност од тоа каква боја фрла во областа околу.

Постојаност на предмет[уреди | уреди извор]

Како и бојата, мозокот има способност да ги препознае предметите кои му се познати дека имаат постојана форма или големина. На пример, вратата ја гледа како правоаголник, без обѕир како тоа влијае на ретината ако е вратата отворена и затворена. Непознатите предмети, не секогаш ги следат правилата за постојаност на формата и може да се променат откако ќе се смени перспективата. Илузијата Шепард за табелата која се менува е пример за илузија заснована на искривување на постојаноста на формата.

Идна перцепција[уреди | уреди извор]

Истражувачот Марк Ченџици од Институтот Ренселер Политехник во Њујорк, вели дека оптичките илузии се резултат на нервно заостанување кое најголем дел од луѓето го доживуваат додека се будни. Кога светло ќе ја погоди ретината, околу една десетина од секундата поминува пред мозокот да ги преведе сигналите во визуелна перцепција за светот. Научниците се запознаени со заостанувањето, но сепак, дебатираа како луѓето го надоместуваат тоа, предлагајќи дека нашито моторен систем ги изменува нашите движења за да се изедначи доцнењето. Ченџици тврди дека човечкиот визуелен систем еволуираше за да ги надомести нервните доцнења, создавајќи слики од она што ќе се случи за една десетина од секундата во иднина. Ова предвидување овозможува човекот да реагира на настаните во сегашноста. На тој начин луѓето дејствуваат со рефлекси, како што се фаќање на топка што е во воздух и непречено движење низ толпа. Илузиите се случуваат кога нашите мозоци се обидуваат да ја сфатат иднината, а тие перцепции не се совпаѓаат со реалноста. На пример, илузијата Херинг изгледа како краци од велосипед околу централна точка, со вертикални линии на секоја страна од оваа централна, т.н. замислена точка каде се сретнуваат две паралелни линии. Илузијата нè мами да помислиме дека се движиме напред, и на тој начин ги вклучува нашите способности за гледање на иднината. Бидејќи не се движиме и фигурата е статична, правите линии ги гледаме како искривени.

Ченџици вели: “Еволуцијата укажа на тоа дека ваквите геометриските цртежи, измамуваат во нас лошо претчувство за во блиска иднина. Конвергентните линии во правец на замислената точка каде се сретнуваат две паралелни линии (краци), се знаци кои го мамат нашиот мозок да помисли дека се движиме напред исто како и во реалниот свет, каде што вратата (пар од вертикални линии) се чини како да се повлекува, како што минуваме низ него-и се обидуваме да видиме како би изгледал светот во наредниот момент.

Илузии[уреди | уреди извор]

Уметници[уреди | уреди извор]

Уметниците работеле со оптички илузии, вклучувајќи ги М.Ц. Ешер, Бриџет Рајли, Салвадор Дали, Џузепе Арсимболдо, Марсел Дишан, Оскар Ројтерсверт, Виктор Вазарели и Чарлс Алан Гилберт. Некои и од современите уметници експериментираат со илузии, меѓу кои: Октавио Окампо, Дик Термес, Шигео Фукуда, Патрик Хјуз (уметник), Истван Ороц, Роб Гонзалвес и Акиоши Китаока. Оптичката илузија се користи и во филмската уметност, преку техниката на принудна перспектива.

Хипотеза за когнитивните постапки[уреди | уреди извор]

Хипотезата тврди дека визуелните илузии се јавуваат поради развивање на нервните кола во нашиот визуелен систем, преку нервно учење, па сè до систем кој прави ефикасно толкување на обичните тридимензионални сцени, засновани на појавата на поедноставени модели во нашиот мозок. Тие ја забрзуваат постапката на толкување и доведуваат до оптички илузии во необични ситуации. На овој начин, хипотезите за когнитивните постапки може да се сметаат како рамка за разбирање на оптичките илузии, како што еволуираше потписот на емпириската претстава за решавање на обратниот проблем. Истражувањата покажуваат дека способноста за тридимензионално гледање се појавува и се учи заедно со планирањето на движењата. После долгото учење, се покажува дека внатрешната претстава за светот е прилагодена на информациите кои доаѓаат од поблиските предмети. Застапеноста на оддалечени предмети близу хоризонтот е помалку “соодветна”. Всушност, не е само месечината онаа која изгледа поголема кога ја гледаме близу хоризонтот. Во фотографија со сцена од далеку, сите оддалечени предмети изгледаат помали отколку кога ги гледаме директно. Сликата во ретината е изворот што ја движи глетката, но она што го гледаме е “виртуелна” тридимензионална претстава за она што се наоѓа пред нас. Не гледаме физички приказ на светот. Гледаме предмети и физичкиот свет не е сам по себе поделен на предмети. Го гледаме според начинот на кој нашиот мозок го организира. Имињата, боите, обичните форми и другите информации за работите што ги гледаме искрснуваат од нервните кола и влијаат за изгледот на дадената сцена. Ги “гледаме” најрелевантните информации за елементите од најдобрата тридимензионална слика што нашите нервни мрежи можат да ја создадат. Илузиите се јавуваат кога “пресудите” во несвесната анализа на сцената се во конфликт со причини за кои постои образложение.

Оптичката мамка како тема во уметноста[уреди | уреди извор]

  • „Оптичка мамка“ - краток расказ на рускиот писател Данил Хармс.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

•Адаптација (око)
•Синдром Алиса во Земјата на Чудата
•Слушни илузии
•Стап на берберот
•Маскирање
•Случаен перцептивен ефект потоа
•Соперништво на контурите
•Длабинска перцепција
•Законот на Емерт
•Ентоптичен феномен
•Принудна перцепција-апликација која се користи во филмовите и архитектурата за да овозможи илузија на поголеми, пооддалечени предмети
•Гешталт психологија
•Гравитациски рид
•Бесконечен базен
•Кинетички длабински ефект
•Привидение
•Мултистабилна перцепција
•Оп уметност
•Измама на окото (Trompe l'oeil)
•Визуелно преориентирани илузии

Белешки[уреди | уреди извор]

1.Пинел, Џ. (2005) Биопсихологија (6то издание). Елин и Бејкон. МСБН 0-205-42651-4
2.Хау, Кетрин Кју., Јенг, Жијанг, и Первс, Дејл (2005). Илузијата Погендорф објаснета преку природна сценска геометрија. ЗНАНСАД 102(21): 7707-7712
3.a b Маерс, Д. (2003). Психологија во модули, (7мо издание) Њујорк: Вредност. МСБН 0-7167-5850-4
4.Бак, Мајкл (16 август 2004 (последно ажурирање 04-01-2010)). “Шепардовото “Вртење на табелите””. http://www.michaelbach.de/ot/index.html 86 Оптички илузии и визуелни феномени. Мајкл Бак. Архивирано од оригиналот на 27 јануари 2010. Преземено на 27 јануари 2010.
5.a b Откриено прилагодување на сите оптички илузии, Џина Брајнер, виш писател, LiveScience.com 02-06-08. Неговите истражување на оваа тема детално во мајското/јунско издание на весникот Когнитивна наука.
6.Знаењето низ перцепција и илузија од Ричард Л. Грегори

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Danil Harms, Sto slučajeva. Beograd: Laguna, 2016, стр. 20.