Опсада на Одавара (1590)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Опсада на Одавара
Дел од период Сенгоку
161223 Odawara Castle Odawara Japan01s3.jpg
Една од кулите на замокот Одавара
Датум мај - 4 август 1590
Место Одавара (замок), Сагами (провинција), Јапонија
Исход Опсадата била успешна;
Завојувани страни
силите на Тојотоми Хидејоши војската на кланот Хоџо
Сила
Војсаката на Токаидо:170,000
Војската на Тосандо:35,000
морнарица:10,000–20,630
220,000 вкупно
82,000
Жртви и загуби
не е познато не е познато

Третата опсада на Одавара (小田原征伐 Odawara seibatsu?) (小田原征伐 Odawara seibatsu?) се случила во 1590, и била главната акција на походот на Тојотоми Хидејоши, со цел да се елиминира кланот Хоџо, кој бил закана за неговата моќ. Во месеците пред оваа опсада, имало избрзани но големи подобрувања во одбраната на замокот, бидејќи намерите на Хидејоши биле познати. На тој начин, и покрај огромната војска донесена од Хидејоши, при опсадата имало малку вистински борби.

Огромната восјка на Тојотоми Хидејоши го опколила замокот, што било наречено „најнеконвенционалната опсада во самурајската историја“. Самураите се забавувале со конкубини, проститутки, музичари, акробати, голтачи на оган и жонглери. Оние што се бранеле, спиеле на бедемите со цела опрема. И покрај нивниот мал број, го обесхрабриле Хидејоши од напад. Така, во најголем дел, оваа опсада се состоела во традиционалната тактика на изгладнување, но се случиле само неколку многу мали судири околу замокот.

По три месеци, Хоџо се предал соочен со многубројната војска, но најмногу заради недостиг на храна и продукти. Земјата на Хоџо му била дадена на Токугава Иејасу, еден од врвните генерали на Хидејоши. Иако Хидејоши во тој момент не бил свесен за последиците, сепак на крајот излегло дека ова се претворило во голема помош за генералот Токугава.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Sansom, George (1961). "A History of Japan: 1334-1615." Stanford: Stanford University Press.
  • Turnbull, Stephen (1998). 'The Samurai Sourcebook'. London: Cassell & Co.
  • Takayama, Kiyotaka (1893). "Chiba-ki" (千葉記). Tokyo: Keizai Zasshisha.