Опсада на Новогеоргиевск

Од Википедија — слободната енциклопедија
Опсада на Новогеоргиевск
Дел од Источен фронт за време на Првата светска војна

Руски топови заробени во Новогеоргиевск.
Датум 10 август – 20 август 1915
Место Новогеоргиевск, Руско Царство (денес Полска)
Исход германска победа
Завојувани страни
 Германско Царство  Руско Царство
Команданти и водачи
Ханс Хартвиг фон Беселер Николај Павлович Бобир
Сила
80.000 90.000
Жртви и загуби
90.000

Опсада на Новогеоргиевск била битка во Првата светска војна што се водела откако Германците ја пробиле руската одбрана за време на Офанзива Горлице-Тарнов и се приближиле до Варшава.

Русите решиле да ја бранат тврдината во Новогеоргиевск (денес Модлин) во Полска. Во тврдината имало 90.000 луѓе пред евакуацијата на Варшава, на 5 август. германската армија предводена од генерал Ханс хартвиг фон Беселер се приближила до Новогеоргиевск со 80.000 војници, вклучувајќи го моќниот воз за опсади, користен при освојувањето на Антверпен во 1914 година, шест 16 инчни (400 mm) и девет 12 инчни (300 mm) хаубици.[1]

Новогеоргиевск бил опколен на 10 август, а бомбардирањето започнало неколку дена подоцна. Бомбардирањето било концентрирано на североисточната страна, северно од реката Висла. Германскиот напад бил успешен откако го фатиле главниот инспектор со детални карти за одбрана на тврдината.[1] По тешките напади, Германците нападнале три од тврдините со 22 пешадиски баталјони и заробиле две од нив. Русите биле приморани да се повлечат северно од Висла.

Русите се предале на 20 август, и изгубиле 1.600 топови и околу 1.000.000 артилериски гранати.[1] Во човечки жртви, загинале околу 90.000, меѓу кои 30 генерали.[1]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Kihntopf, Michael P. „The fall of Novo Georgievsk: End of Russian Dominance in Poland“ (PDF). www.strategyandtacticspress.com. Christopher Cummins. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-12-14. Посетено на 14 December 2013.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]