Опис на смртта

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Опис на смртта (српски: Опис смрти) - збирка раскази на српскиот писател Давид Албахари од 1982 година. Збирката е добитник на Андриќевата награда.

Содржина[уреди | уреди извор]

Збирката се состои од три циклуси раскази: „Прво лице“, „Трето лице“ и „Без лица“.[1]

  • „Прво лице“ (1974)
  • „Евангелие по мојот татко“
  • „Мама“
  • „Прошетки крај реката“
  • „Есеи“
  • „Големиот бунт во нацистичкиот логор во Штулн“
  • „Влага“
  • „Тигарот кому на грбот глобот“
  • „Недовршен ракопис“
  • Град“
  • „Кино“
  • „Човекот кој го уби Либерти Валанс“
  • „Антонио кој носи смрт“
  • Годзила, морското чудовиште
  • Обид за опис на смртта на Рубен Рубеновиќ, поранешен трговец со штофови
  • „Трето лице“ (1978)
  • „Некои работи нема никогаш да ги дознаеме“
  • „Без лица“ (1982)
  • „Филм на телевизија“
  • „Гарсоњера“
  • „Зборовите се нешто друго“
  • „Ѕид“
  • „He Ain't Heavy, He's My Brother“

Осврт кон делото[уреди | уреди извор]

Осврнувајќи се на збирката во 2004 година, самиот автор вели дека граматиката во неа е уредна, времеснката рамнина е прецизно одредена, дејството се одвива само во минато време или само во сегашно време, а наспроти привидната разбрануваност, расказите се многу спокојни. Притоа, привидната разбрануваност потекнува од растргнатата форма и од непрекинатите промени низ кои поминуваат расказите во збирката, кои се одликуваат со т.н. формално жонглирање. Во збирката, самата форма ја претставува приказната во која фрагментот е поцелосен од целината, додека тишината и празнините во текстот зборуваат попрецизно од употребените зборови. Со други зборови, збирката може да се опише како поетика на играта и фрагментарноста.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004.
  2. „Тоњење у форму“, во: Давид Албахари, Опис смрти. Београд: Српска књижевна задруга, 2004, стр. 151-153.