Округљак (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Округљак
Okrugljak
Округљак Okrugljak - Слапот од Цигановац висок 7 м на северозападната страна на езерото Округљак
Округљак
Okrugljak - Слапот од Цигановац висок 7 м на северозападната страна на езерото Округљак
Слапот од Цигановац висок 7 м на северозападната страна на езерото Округљак
Координати 44°52′21 N°15′36
Земји во сливот Хрватска Хрватска
Најг. должина 260 м
Најг. ширина 100 м
Површина 0,041 км2
Најг. длабочина 15 м
Надм. височина на површината 613 м

Округљак – едно од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,041 км². Надморската висина му е 613 м, а најголемата длабочина 15 метра во подножјето на Лабудовачката бариера.[1] Долго е 260 м, а широко 100 м.[2][3]

Опис[уреди | уреди извор]

На северозападната страна во езерото се влева вод од Цигановац преку слап висок 7 м, додека Лабудовачкиот Слап висок 20 м го украсува делот преку седрената бариера, широка 100 м, под која се наоѓа спилест парк кој содржи бројни шуплини, полупештери и пештери. Под самиот слап е влезот во Јанечековата Пештера, долга повеќе од 50 м, но заради тоа што водата од слапот паѓа на самиот отвор, денес повеќе не може да се влегува.[2] Името го добило по својот кружен облик, па е познато и под називите Округљај и Кругиновац.[2]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Inet.hr :: Plitvice jezera i slapovi
  2. 2,0 2,1 2,2 Javna ustanova Nacionalni park Plitvička jezera - Gornja jezera
  3. „Plitvička jezera“. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 2020-10-17.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]