Цигановац (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Цигановац
Ciganovac
Координати 44°52′24 N°15′35
Земји во сливот Хрватска Хрватска
Површина 0,075 км2
Најг. длабочина 13 м
Надм. височина на површината 632 м

Цигановац, Цигиновац или Цигино Езеро – петто по површина од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,075 км². Надморската висина му е 632 м, а најголемата длабочина 13 метра.

Опис[уреди | уреди извор]

Езерото името го добило според легендата дека во него се удавил Ром кој наводно ловел риба на брегот. Се нарекува и Цигиновац или Цигино Езеро. На запад брегот е обраснат со четинарска шума, додека на север се издига благо варовничко возвишение Стубица. Водата ја добива од подземни извори, а најмногу од Прошќанското Езеро, преку ископан канал и преку слап. Продолжува во езерото Округљак.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]