Батиновац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Батиновац
Batinovac
Батиновац Batinovac - Во горниот дел се гледа слапот од езерото Батиновац кој паѓа во езерото Галовац, во средината е слапот Велики Прштавац
Батиновац
Batinovac - Во горниот дел се гледа слапот од езерото Батиновац кој паѓа во езерото Галовац, во средината е слапот Велики Прштавац
Во горниот дел се гледа слапот од езерото Батиновац кој паѓа во езерото Галовац, во средината е слапот Велики Прштавац
Координати 44°52′18 N°15′36
Земји во сливот Хрватска Хрватска
Најг. должина 140 м
Најг. ширина 80 м
Површина 0,015 км2
Најг. длабочина 5 м
Надм. височина на површината 610 м

Батиновац – едно од шеснаесетте Плитвички Езера. Се наоѓа во групата на Горни Езера и зафаќа површина од 0,015 км². Надморската висина му е 610 м, а најголемата длабочина 5 метра. Долго е 140 м, а неговата најголема ширина изнесува 80 м.[1].[2][3]

Опис[уреди | уреди извор]

Езерото е опкруженосо високи букови стебла, а вешто спроведениот пат води покрај низа помали слапови на кои е видливо создавањето на туф и туфотворни маховини и растенија..[4]

Батиновац се снабдува со вода од Округљак кое се наоѓа над него, како и од Прошќанското Езеро преку стариот канал кој го создале луѓето. Дел од неговата вода истекува преку слап во езерото Галовац, а дел се прелива во помалите езера кои се наоѓаат северно од него.

Добропроодните патеки оттука ги водат посетителите кон помалите езера обраснати со трска, како и безбројни мали слапови.

Името Батиновац или Бакиновац го добило по некој селанец Батиниќ или некоја баба (хрв. бака) кои се удавиле во него.[2][5]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. MVEP • Plitvička jezera
  2. 2,0 2,1 „Javna ustanova Nacionalni park Plitvička jezera - Gornja jezera“. Архивирано од изворникот на 16. siječnja 2013. Посетено на 16. siječnja 2013.. Наводот journal бара |journal= (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |archivedate= (help)
  3. „Plitvička jezera“. Архивирано од изворникот на 2013-04-21. Посетено на 2020-10-17.
  4. Gornja jezera :: znanje.org
  5. Inet.hr :: Plitvice jezera i slapovi

Надворешни врски[уреди | уреди извор]