ОУ „Магдалена Антова“ - Куманово
Магдалена Антова | |
|---|---|
| Место | |
| Општина: | Општина Куманово |
| Наречено по: | Магдалена Антова |
| Нас. место: | Куманово |
| Адреса: | ул. „110“, бр. 5 |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1974 |
| Директор: | Жарко Димитријевиќ |
| Број на ученици: | 684 |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Мреж. место | ooumagdalenaantova.edu.mk/ |
| Е-пошта | magdalenaantova@gmail.com |
| Телефон | 031/444-543 |
| Факс | 031/444-543 |
Основно училиште „Магдалена Антова“ (официјално: Основно општинско училиште „Магдалена Антова“ - Куманово; скратено: ООУ „Магдалена Антова“) — централно основно училиште во кумановската приградска населба Карпош, Општина Куманово.[1]
Училиштето е именувано по учесничката во НОБ, Магдалена Антова.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Училиштето се наоѓа во населба Карпош, сместено на излез од градот до регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.
Историја
[уреди | уреди извор]Сегашната училишна зграда започнала да се гради во 1980 година и била завршена во 1986 година. Средствата за изградбата биле обезбедени со доброволни прилози на месното население.
Поради зголемување на бројот на ученици и паралелки, кон училиштето бил изграден нов дел од објектот со нови училници и канцеларија за наставниците.
Во поново време била извршена обнова на училишната зграда, каде биле сменети вратите, прозорците и пластичниот под на училниците.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-11-25.
