Магдалена Антова
Магдалена Антова | ||
Родена | Магдалена Јорданова Антова 20 јуни 1920 Куманово, Кралство СХС (денес Македонија) | |
---|---|---|
Починала | 14 октомври 1941 Белановце убиство | (возр. 21)|
Националност | Македонка | |
Занимање | Борец во НОБ | |
Роднини | Методи Антов (брат) |
Магдалена Јорданова Антова (Куманово, 20 јуни 1920 - Белановце, Кумановско, 14 октомври 1941) — македонска комунистика, учесник во НОБ. Таа е првата загината партизанка во НОАВМ.[1][2][3][4]
Животопис
[уреди | уреди извор]Антова е родена во Куманово на 20 јуни 1920 година. Таа како обична работничка шивачка била примена како член на СКОЈ во 1939 година.[5] Раководела со просветни групи и работела меѓу жените од селата на Кумановско. Учествувала во акциите што ги организирала КПЈ и СКОЈ во градот, непосредно пред војната. Во судбоносните денови на бугарската фашистичка окупација на Македонија, работела во подготовките за појавување на Првиот кумановски партизански одред.[6]
По фашистичката окупација на градот успеала да ослободи неколку заробени војници од војската на Кралството Југославија, а со братот Методи прибрала поголемо количество оружје за потребите на Месниот комитет на КПЈ.[5]
Била борец на Карадачкиот партизански одред (11-14 октомври 1941), кој на 11 октомври го кренале вооруженото востание на Македонскиот народ, во Куманово.[6] Нејзиниот одред по предавство бил опколен од бугарската војска и полиција во една селска воденица кај Белановце. Во битката Антова загинала заедно со повеќе нејзини соборци. Нејзината трагедија е во тоа што таа била издадена од сопствениот татко кој бил бугарофил. Поради овој настан и денес во Куманово се користи изразот „Антова несреќа“.[5]
Во нејзина чест едно кумановско основно училиште го носи нејзиното име.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македонска енциклопедија“, Скопје, МАНУ, 2009, 71 стр.
- ↑ „Жените од Македонија во НОВ 1941-1945“, Зборник на документи, Скопје, 1976.
- ↑ Ив(анка) Мургашанска, „Женски хор „Магдалена Антова“ 1946-1978“, Куманово, јуни 1979.
- ↑ „Куманово и Кумановско во НОВ 1941-1942 година“, Материјали од научниот собир одржан на 12, 13 и 14 декември 1978, Куманово, декември 1979.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Симо Младеновски, „Магдалена Јорданова Антова“, „Просвета“, XXV, 531-532, Скопје, 12, X 1981, 8.
- ↑ 6,0 6,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 978.