ОУ „Даме Груев“ - Ерџелија
Изглед
За други значења на поимот, погл. ОУ „Даме Груев“.
Даме Груев | |
|---|---|
Поглед на основното училиште | |
| Место | |
| Општина: | Општина Свети Николе |
| Наречено по: | Даме Груев |
| Нас. место: | Ерџелија |
| Адреса: | ул. „Маршал Тито“, бр. 31, с. Ерџелија |
| Местоположба | |
| Основни информации | |
| Основано: | 1966 |
| Број на ученици: | 213[1] |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
Основно училиште „Даме Груев“ (официјално: Основно општинско училиште „Даме Груев“ - Ерџелија; скратено: ООУ „Даме Груев“ - Ерџелија) — централно основно училиште во овчеполското село Ерџелија, Општина Свети Николе.[2] Училиштето се наоѓа во самото село, покрај главната улица.
Училиштето е именувано по истакнатиот македонски народен херој Даме Груев.
Местоположба
[уреди | уреди извор]
Централниот објект на основното училиште се наоѓа во средишниот дел на селото Ерџелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Училиштето било основано во 1966 година.[1]
Настава
[уреди | уреди извор]Во училиштето се изведува настсава во една смена со 5 паралелки во одделенска настава и 6 паралелки во предметна настава. Наставата се изведува на македонски наставен јазик.[1]
Подрачни училишта
[уреди | уреди извор]Во составот на училиштето влегуваат следниве подрачни училишта:[1]
- ПУ „Даме Груев“ - Мустафино, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Даме Груев“ - Кадрифаково, подрачно училиште на македонски наставен јазик;
- ПУ „Даме Груев“ - Амзабегово, подрачно училиште на македонски наставен јазик; и
- ПУ „Даме Груев“ - Пеширово, подрачно училиште на македонски наставен јазик.
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 3 4 „За училиштето – ООУ „Даме Груев" – Ерџелија“. Посетено на 2021-04-03.
- ↑ „Листа на активни регистри“. Министерство за образование и наука. Архивирано од изворникот на 2025-06-16. Посетено на 2024-12-15.

