ОУ „Магдалена Антова“ - Куманово

Од Википедија — слободната енциклопедија
Магдалена Антова

Место
Општина: Општина Куманово
Наречено по: Магдалена Антова
Нас. место: Куманово
Местоположба
Основни информации
Настава на: македонски
Контактни информации

Основно училиште „Магдалена Антова“ (официјално: Основно општинско училиште „Магдалена Антова“ - Куманово; скратено: ООУ „Магдалена Антова“) — основно училиште во населбата Карпош во градот Куманово.[1]

Училиштето е именувано по учесничката во НОБ, Магдалена Антова.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Училиштето се наоѓа во населба Карпош, сместено на излез од градот до регионалниот пат Куманово-Крива Паланка.

Историја[уреди | уреди извор]

Сегашната училишна зграда започнала да се гради во 1980 година и била завршена во 1986 година. Средствата за изградбата биле обезбедени со доброволни прилози на месното население.

Поради зголемување на бројот на ученици и паралелки, кон училиштето бил изграден нов дел од објектот со нови училници и канцеларија за наставниците.

Во поново време била извршена обнова на училишната зграда, каде биле сменети вратите, прозорците и пластичниот под на училниците.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Регистар на основни училишта“. data.gov.mk. Посетено на 30.01.2021. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)