ОСУ „Ацо Русковски“ - Берово
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
|
ОСУ „Ацо Русковски“ | |
| Место | |
| Општина: | Берово |
| Место: | Берово |
| Адреса: | Ул. „Даме Груев“ бб. |
| Основни информации | |
| Директор: | Душанка Паговска |
| Настава на: | македонски |
| Контактни информации | |
| Портал | www.acoruskovski.edu.mk |
| е-пошта | acoruskovski@yahoo.com |
| тел. | +389 33 471/468 |


„Ацо Русковски“ — средно училиште во Берово, Општина Берово[1].
Основање и развој на ОСУ „Ацо Русковски“
[уреди | уреди извор]Училиштето „Ацо Русковски“ е основано во учебната 1951/52 година како неполна гимназија „Страшо Пинџур”.Средното образование во Берово е воведено од учебната 1953/54 година со решение на Советот за просвета на НРМ од 10.09.1953г., кога е верифицирана полна гимназија. Во 1956 година гимназијата се трансформира-преминува во средно економско училиште.Во 1960/61 година се враќа гимназискто образование, но продолжува да постои и економското училиште. Наредната година економското училиште се припојува кон гимназијата, а постојат две паралелки од просветна струка. Од таа година училиштето го добива името Ацо Русковски. Од учебната 1963/64 година средното училиште функционира како чиста гимназија (без економски и педагошки паралелки),се до 1978 година, кога се трансформира во ЦСО. Во ЦСО покрај гимназиско има и стручно образование: текстилно-кожарска струка, електро, дрвопреработувачка, струка за неметали и др. Од 1980 до 1990 година училиштетото работи според концептот за средно насочено образование, а стручното си постои вон тој концепт. Во учебната 1991/92 година се напушта концептот за насочено образование и се враќа гимназиското образование. Од 2001/02 година гимназиското образование се реализира според новите планови и програми.
Визија на училиштето
[уреди | уреди извор]Нашето училиште е со традиција, отворено за нови идеи што го поттикнуваат поединечниот развој и креативноста на учениците. Нуди можност за проодност на сите факултети. Подготвеност за вклучување на пазарот на трудот. Интенција за воведување на нови струки од интерес на општината.
Патронен празник
[уреди | уреди извор]Патрониот празник на училиштето се одржува секоја година на 24 Септември. За одбележување на тој празник се одржуваат голем број на манифестации, како од спортски, така и од културен аспект. Учениците од средното училиште подготвуваат точки со кои настапуваат на сцена. Претежно точките се од делот на музика (пеење и свирење на музички иснструменти), драмската уметност и модерните танци. Учениците се истакнуваат и во спортските натпревари - ракомет, кошарка, одбојка, фудбал итн .
Соработка со други училишта
[уреди | уреди извор]ОСУ „Ацо Русковски“ е во соработка со други училишта, не само од Македонија, туку и пошироко:
- Гимназија Брус - Србија
- Англиска јазична гимназија „Thomas Јеfferson “ - Софија
- Средно училиште „ Јане Сандански “ - Сандански
- СОУ „ Орце Николов “ - Скопје
- СОУ „ Методи Митевски - Брицо “ - Делчево
- СОУ „ Ванчо Прке “ - Виница
Учество на натпревари и освоени награди
[уреди | уреди извор]- Наградени ученици:
- Буровска Даринка - златен медал на меѓународниот натпревар по спорт во рамките на меѓународниот проект „Не на наркотиците“, одржан во Сандански, Р.Бугарија на 02.10.2010 година

Меѓународниот натпревар по спорт-Сандански - Лапевски Владимир - златен медал од областа на информатиката на Макинова во октомври 2010 година во Скопје
- Анита Пипонска - сребрен медал во областа на биологија на Еканова во октомври 2010 година во Скопје
- Мандолински оркестар - прво место на државниот натпревар во Скопје на 15.05.2011 година
- Јовинска Стефанија- I место астрономија.
- Кас'мска Лорета - I место современа физика.
- Симоновски Гоце- II место роботика.
- Суџукович Ана - II место систематика.
- Симевска Моника - II место микробиологија.
- Грковска Ивана - II место неорганска хемија.
- Димитровска Христина - II место математика.
- Сирачевска Александра - II место фармакологија.
- Арменски Роберт - III место компјутерско програмирање.
- Ингилизова Виолета - III место неорганска хемија.
- Станоевска Милица - III место современа физика.
- Тони Трајковски - III место современа физика.
Државен натпревар за противпожарна заштита
[уреди | уреди извор]- Анита Кажлевска
- Катерина Мишевска
- Војче Митевски
Прво место екипно
- Ѓорѓи Ајтовски
Второ место
Државен натпревар по латински јазик
[уреди | уреди извор]- Викторија Кржовска- III место
Натпревар за најдобар бизнис план III место
[уреди | уреди извор]- Дијана Касмска
- Анита Перовска
- Елена Јангеловска
- Јордан Андовски

Републички натпревар на детски и младински оркестри -
[уреди | уреди извор]- I Место
Проекти и активности
[уреди | уреди извор]Најзначајни проекти и активности спроведени во ОСУ „Ацо Русковски“ се:
- SEA проектот- активности во средното образование;
- GLOBE - светска еколошка програма, која е во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање;
- Промоција на хумани вредности - во соработка со Црвен крст;
- E-dnevnik;
- Проект “Менторство на Ромите„;
- Дипломирани Роми и подобрување на нивниот живот;
- Поттикнување на младите во политичките процеси - едукација на младите гласачи;
- ЕКО училиште;
- Условени прарични трансфери - УПТ;
- Програма - Советување на родители.
Наставен кадар
[уреди | уреди извор]
- Вкупно вработени - 65
- Раководен кадар
- Директор : Корчовски Сашко
- Заменик директор
- Раководител на дисперзирани паралелки
- Стручни соработници- ( педагог, 2 психолози, социолог, библиотекар)
- Професори - 55
- Административна служба( секретар, благајник, администратор)
- Технички персонал (парноложач, ноќен чувар,хигиеничари)
Ученици
[уреди | уреди извор]Вкупно : 561 (26 паралелки)
[уреди | уреди извор]- Гимназија: 495 ученици (21 паралелки)
- Берово: 342 ученици (15 паралелки)
- Пехчево: 152 ученици (6 паралелки)
- Текстилна: 44 ученици (4 паралелки)
- Угостителско-туристичка: 22 ученици (1 паралелка)
Национална припадност
[уреди | уреди извор]- Македонци – 504
- Турци – 18
- Роми – 39
Наставата се изведува на македонски наставен јазик
Интегрална евалуација
[уреди | уреди извор]- Во спроведената интегрална евалуација во април 2011 година ОСУ „Ацо Русковски“ доби оценка „Добар“.
- После спроведеното вреднување на професорите на 1 февруари 2012 година, просечната оценка е 3,67 (Мн. добар).
Просторни услови
[уреди | уреди извор]Кабинети
[уреди | уреди извор]


Во училиштето има 22 Кабинети од кои 15 се опремени со компјутерска технологија.
Пракса
[уреди | уреди извор]За практична настава во училиштето има 2 добро опремени простории.
Спортска сала
[уреди | уреди извор]Добро опремена спортска сала.
Библиотека
[уреди | уреди извор]Добро опремена библиотека
Познати личности кои учеле во ова училиште
[уреди | уреди извор]Познати личности кои предавале во ова училиште
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Листа на средни училишта во кои е застапено стручното образование во Република Македонија“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-02-27. Посетено на 2022-01-15.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- http://acoruskovskibv.schools.edu.mk Архивирано на 14 април 2009 г. Мрежно место на училиштето
- Портал за основните и средните училишта во Македонија Архивирано на 16 октомври 2011 г.
- Официјално мрежно место на Министерството за образование и наука Архивирано на 22 март 2016 г.
