Прејди на содржината

Нишка тврдина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Нишка тврдина е градско утврдување во центарот на Ниш на десниот брег на Нишава, кое има континуитет од околу два милениума константно постоење за што сведочат многобројните археолошки наоди. Комплексот на овој споменик на културата составен е од неколку целини чија заедничка црта ја сочинува постоењето на богато културно наталожување и сложена урбана композиција на просторот со различни намени и функции, истовремено со испреплетени и поврзани, но и спротивставени на исти релации. Историските податоци и архитектонското наследство го детерминираат овој простор како централна точка околу која, на деснот брег на Нишава, почнувајќи од 1 век од н.е. се развиваат како фортификации, така и урбани елементи на Наис како населба.

Во својата денешна состојба, спаѓа меѓу најдобро сочуваните тврдини од тој тип во Србија и во централниот дел на Балканскиот Полуостров. Нејзината полигонална основа, со осум бастионски тераси, е изградена на остатоци од античка, византиска и средновековна тврдина. Висината на ѕидините е 8,0 м, а просечната дебелина 3,0 м, додека вкупната должина на ѕидините изнесува 2.100 м. Била однадвор опколена со ров, а во рамките на ѕидините има површина од над 20 хектари.

Нишката тврдина со решението на Републичкиот завод за заштита и научно проучување на спомениците на културата на Народна Република Србија бр. 671/48 од 6 мај 1948 година е ставена под заштита на државата заедно со непосредната околина. Заводот за заштита на спомениците на културата во Ниш со решението бр. 02-42 од 24 април 1969 година ја утврдил Нишката тврдина за споменик на културата и ги проширил границите на заштитата (заштитена околина). Тврдината, со одлука на Собранието на Социјалистичка Република Србија, е категоризирана како споменик на културата од големо значење на 7 април 1979 година.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]