Никола IV Зрински

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола Зрински

Никола IV Зрински или Миклош IV Зрињи (унгарски: Zrínyi Miklós, унгарски изговор: [ˈzriːɲi ˈmikloːʃ]; 1507/1508 – 7 септември 1566) бил хрватски благородник, бан на Хрватска од 1542 до 1556.

Зрински станал познат низ Европа после опсадата на Сигет (1566), каде што го запрел напредувањето на османлискиот султан Сулејман Величествениот кон Виена. Битката се сметала за толку значајна, што францускиот државник, кардиналот Ришелје, ја опишал како „битка што ја спаси цивилизацијата“.[1] Зрински почнал да се смета за пример на верен и пожртвуван воин, христијански херој и национален херој во Хрватска и Унгарија, и често е прикажуван во уметнички дела.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Timothy Hughes Rare & Early Newspapers, Item 548456. Retrieved 1 December 2009.