Никола Давидовски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Никола Давидовски - Коле (роден во Куманово, 1950) е македонски пејач. Најпознат е по антологиската песна „Земјо моја", која ја испеал во 1977 година на Скопскиот фестивал.[1]

Биографија[уреди | уреди извор]

Давидовски е роден во Куманово во 1950 година. Има снимено 35 песни. Во 1994 година, кога останал без работа, сакал да ја продолжи пејачката кариера, но му барале по 2.000 германски марки за една песна. Тоа било прескапо за него, и затоа престанал да се занимава со пеење и се посветил на семејството и работата во неговата викендичка. Женет е со Жане и има две ќерки и внуци.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Старделов, Георги (2004) (на македонски). Музиката на почвата на Македонија од Атанас Бадев до денес. Македонска Академија на Науките и Уметностите. ISBN 9789989101380. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]