Недела на раслабениот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Руска икона: „Излекување на расабениот во овчјата бања», Втора четвртина на XV век

Недела на раслабениот (грчки: Κυριακή τοῦ Παραλύτου, руски: Неде́ля о рассла́бленном) – четвртата седмица во Велигден во Христијанството. Црквата го именувала овој празник според настанот опишан во Светото Евангелие кога Исус Христос, во третата година од Својата Евангелска мисија, на средината (преполовението) на Старозаветниот празник Сеници влегол во Ерусалимскиот Храм и почнал да поучува. „А кога се преполови празникот, влезе Исус во Храмот и поучуваше...“(Јован, 7, 14-36). Празникот Сеници бил еден од трите големи сенародни Еврејски празници во спомен на пребивањето на Евреите во сеници (шатори) за време на нивното талкање во пустината, и посебно во спомен на настанот кога Бог на Гората на сениците му ја покажал на Мојсеј Скинијата (Исход, 25, 40), која Мојсеј требало да ја направи по Божјо упатство (Исход, 39, 43; 40, 1). Празникот се славел осум денови, а првиот и последниот ден биле посебно свети. Кога се преполовил празникот Сеници, Господ влегол во Ерусалимскиот Храм и почнал да им говори на Евреите. Во голема мера, она што Бог го говорел тогаш било тесно поврзано со настанот кога Он кај бањата Витезда чудесно го излекувал раслабениот, а Евреите исполнети со омраза и завист Го осудувале дека ја нарушува Саботата, а со тоа и Законот, бидејќи тоа добро дело го извршил во сабота. Исус мудро им докажувал, поткрепувајќи се токму на Законот, дека неправедно го осудуваат и ги укорувал за нивното неверување и лицемерие. Ете зошто во Богослужбата составена за сегашниот празник може да се забележат многу делови каде што се спомнува токму за тоа исцелување на раслабениот и Господовото обраќање кон лицемерните и тврди по срце Евреи.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]