Ерусалимски храм

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Ерусалимскиот Храм)

Ерусалимскиот храм, според Библијата, бил изграден сè со цел во него да биде поставен Ковчегот на заветот.

Ерусалимскиот храм

Потекло на поимот[уреди | уреди извор]

На хебрејски јазик, Ерусалимскиот храм се нарекува Бејт ха-Микдаш, кое се преведува како "Свет дом", но во Библијататој се нарекува уште и Бејт Адонај("Домот на Бог"). Според митот, Храмот бил изграден согласно желбите на царот Давид, на кој пак самиот Бог му ги кажал инструкциите за храмот. И покрај неговитежелби за изградба на храмот, тој никогаш не го видел готов бидејќи починал а храмот го изградил неговиот наследник и син Соломон.

Хронологија на храмот според Библијата[уреди | уреди извор]

Храмот на Соломон, или Првиот храм, бил изграден според Библијата од цар Соломон (во текот на 10 век п.н.е.). Целосно бил разрушен од страна на вавилонскиот цар Навуходоносор II во 586 година п.н.е.

Вториот храм – неговата изградба започнала околу 536 година п.н.е., по враќањето на Евреите од Вавилон, а целосната му изградба траела сè до 515 година п.н.е.

Храмот на Ирод - претставува значително проширување на Вториот храм. Бил започнат од Ирод Велики кон крајот на 19 година п.н.е. а целосно завршен во 64 година. Храмот бил разрушен во 70 година од император Тит. Денес, од храмот е останат само западниот дел — Ѕидот на плачот.

Храмот според религиите[уреди | уреди извор]

Јудаизам[уреди | уреди извор]

Со разрушавањето на Вториот храм, во јудаизмот престанала и практиката за одржување на ритуалите кои се вршеле до тогаш. Западниот дел (Ѕидот на плачот) е место каде многу верници се молат на Бог. Овој ѕид всушност по 1967 година се превраќа во синагога под откриено небо.

Во денешно време сè повеќе е застапена тезата дека е потребно за изградба на нов – Трет храм.

Ислам[уреди | уреди извор]

Џамијата Ал Акса е едно од најсветите места на муслиманите.

Христијанство[уреди | уреди извор]

Храмот е споменет на неколкупати во Новиот завет. Самиот Исус Христос го посетил неколкупати. Апостолите на Исус продолжиле да го посетуваат храмот и по неговото воскреснување. Во времето кога Ерусалим станал христијански град, христијаните изградиле црква во чест на Исус Христос, но таа била разрушена од страна на муслиманите и претворена во џамија позната како Ал Акса.