Најдобриот човек

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Најдобриот човек“ (англиски: The best man) — филм на режисерот Френклин Џ. Шафнер (Franklin J. Schaffner) од 1964 година, според сценариото на Гор Видал (Gore Vidal). Главните улоги ги играат: Хенри Фонда (Henry Fonda), Клиф Робертсон (Cliff Robertson), Ли Трејси (Lee Tracy) и Еди Адамс (Edie Adams). Ли Трејси бил номиниран за „Оскар“ за најдобар спореден глумец, а ова бил неговиот последен филм.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Државниот секретар Вилијам Расел (го игра Фонда) е принципиелен човек чија вонбрачна авантура може да му ги загрози бракот и политичката кариера. Сенаторот Џо Кентвел (го игра Робертсон) се претставува како човек од народот, но неговата решеност да победи на изборите по секоја цена истовремено е неговата најголема маана. Тие двајца се главните кандидати на претседателските избори при што се борат за поддршката од тековниот претседател (го игра Трејси). Во борбата за победа, тие ги користат сите оружја, вклучувајќи ги и јавните навреди кон противникот...

Наводи[уреди | уреди извор]