Национален парк на пештери Наракорте

Од Википедија — слободната енциклопедија

Националниот парк на пештери Наракорте е национален парк во близина на Наракорте во туристичкиот регион на Варовниот Брег во југоисточниот дел на Јужна Австралија (Австралија). Официјално бил признат во 1994 година по својот обемен фосилен запис кога локалитетот бил впишан на списокот на светско наследство, заедно со Риверсли. Паркот зачувува 6 km 2 од преостанатата вегетација, со 26 пештери содржани во рамките на 3.05 km 2 повржина на светско наследство.[1] Од 28-те познати пештери во паркот, само четири се отворени за јавноста. Другите пештери се чуваат подалеку од очите на јавноста бидејќи се важни за научно истражување и за заштита на самите пештерите и нивната содржина. Многу од пештерите содржат спектакуларни сталактити и сталагмити.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Европско откритие[уреди | уреди извор]

Пештерите, кои се наоѓаат во границите на она што сега е национален парк, првпат се пронајдени во 1845 година со откривањето на пештерата Бланш.

Шумскиот резерват Наракорте[уреди | уреди извор]

Во 1885 година, Одделот за шуми и прашуми назначило чувар поради „популарноста на пештерите и нивната ранливост на вандализам“.

Национално одморалиште за задоволство[уреди | уреди извор]

Во 1916 година, контролата на делот од шумскиот резерват кој содржел многу пештери и кој се состоел од околу 20 hectares (49 acres) земја бил префрлен од Одделот за шуми и прашуми на Бирото за имиграција, публицитет и туристи , кое управувало со него како национално одморалиште за задоволство според Законот за Национално одморалиште за задоволство од 1914 до 1972 година. Промената на контролата била објавена на 1 март 1917 година.[3][4] Развојот на националното одморалиште за задоволство во „важна регионална туристичка дестинација било многу потпомогнато со откритието на најголемиот познат австралиски плеистоценски ’рбетник фосилни пештерски наоѓалишта во 1969 година во пештерата Викторија“.

Парк за заштита[уреди | уреди извор]

На 27 април 1972 година, паркот бил преименуван во парк за заштита на пештерите Наракоорте по прогласувањето на Законот за национални паркови и диви животни од 1972 година, кој го укинал претходниот акт заедно со другите статути кои се однесуваат на зачувувањето. Во 1982 година, зачуваниот парк бил наведен во сега веќе непостоечкиот регистар на националниот имот.

Листа на светско наследство[уреди | уреди извор]

На 17 декември 1994 година, дел од зачуваниот парк, со површина од 300 hectares (740 acres) бил „впишан на списокот на светско наследство“ заедно со фосилното место Риверсли во Квинсленд како австралиски фосилни цицачи (Риверсли/Наракоте).

Националниот парк[уреди | уреди извор]

На 18 јануари 2001 година, паркот за заштита на пештерите Наракоорте бил укинат и земјиштето што го зафашал било реконституирано како национален парк бидејќи се сметало дека е „од национално значење поради природните карактеристики на земјата“ и му било доделено името, Национален парк на пештери Наракорте.

Список за национално наследство[уреди | уреди извор]

На 21 мај 2007 година, меѓу 15-те новододадени места на светско наследство на списокот на австралиско национално наследство биле и австралиските фосилни цицачи.

Листа на државно наследство[уреди | уреди извор]

На 17 мај 2017 година, обемот на националниот парк била наведен како место на државно наследство во Регистарот за наследство на Јужна Австралија под името комплекс на пештери Наракоорте.[5]

Атракција за посетители[уреди | уреди извор]

Паркот сам по себе е дестинација за посетители, со кампинг и караван парк, студентски дом за групи, излетнички терени и лиценцирано кафуле. Опсегот на активности на посетителите е широк. Пештерски тури се предводени од професионални толкувачи низ високо украсени пештери и некои тури со кои се посетуваат неверојатните наоѓалишта на фосили. Современата технологија е искористена за да им се покаже на посетителите нормално недостапната внатрешност на пештерата на лилјаците, каде секоја година се размножуваат илјадници јужни лилјаци со свиткани крила. Други можности вклучуваат авантуристички спелеон, избор на специјализирани тури и специјални настани. Фосилниот центар Вонамби, центарот за посетители на паркот, има изложби на фосили и коски пронајдени во пештерите и диорамите на изумрените животни.

Структура[уреди | уреди извор]

Варовникот во областа бил формиран од корали и морски суштества пред 200 милиони години и повторно пред 20 милиони години кога земјата била под нивото на морето. Оттогаш, подземните води раствориле и еродирале дел од варовникот, создавајќи ги пештерите. Пештерите, како што се фосилната пештера Викторија и пештерата Бланш, често се недалеку под земјата, а дупките се отвораат создавајќи замки за невнимателните. Ова е изворот на извонредната колекција на фосили. Цицачите и другите копнени суштества паднале во отворени пештери и не можеле да побегнат. Фосилните записи се зачувани во слоевите формирани од еродиран горен слој на почва, измиен и разнесен. На некои места, фосилната тиња е дебела до 20 метри. Некои од овие области се зачувани за идни истражувања кога можеби се пронајдени подобри методи за датирање и реконструкција на фосилни записи. Овие фосилни стапици се особено значајни за следење на австралиската мегафауна.

Најновото истражување[6] го поместува датумот на формирање на пештерите пред најмалку 1,34 милиони години.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Australian Fossil Mammal Sites (Riversleigh / Naracoorte)“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 17 May 2015.
  2. „About Naracoorte Caves“. National Parks South Australia.
  3. STYLES, A. W. (1 March 1917). „GRANT OF NARACOORTE CAVES AS A PUBLIC PLEASURE RESORT, &c“ (PDF). The South Australian Government Gazette. South Australian Government. стр. 368. Посетено на 30 March 2018.
  4. „THE NARRACOORTE CAVES“. The Border Watch. LV (5463). South Australia. 22 July 1916. стр. 4. Посетено на 26 February 2018 – преку National Library of Australia.
  5. „Naracoorte Caves Complex (designated place of geological, palaeontological and speleological significance)“. Heritage Places Database. South Australian Government. 17 May 2017. Посетено на 26 February 2018.
  6. World Heritage-listed Naracoorte Caves 500,000 years older than previously thought, research reveals, Jack D Evans, ABC News Online, 2022-09-29

Понатамошно читање[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]