Национален военоисториски музеј (бугарски: Национален военноисторически музей) ― музеј посветен на воената историја во Софија, Бугарија. Структура на Министерството за одбрана, постои под различни имиња и е подредена на различни установи од 1 август 1914 година (во пракса од 4 јули 1916 година). Се состои од 5.000 м2 внатрешна и 40.000 м2 надворешна (од кои 500 м2 покриени) изложбена површина, менувачки експонати,[1]библиотека и сметачки центар.
Музејот е основан во 1916 година, две години по основањето на воено-историската комисија, составена од архива, изложба и библиотека. Во тоа време тој бил еден од само трите бугарски музеи што постоеле. Неговата прва целосна изложба била откриена дури во 1937 година. Неговата сегашна структура и име датираат од 1968 година.[2]