Прејди на содржината

Настојување

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Настојување“ (српскохрватски: Настојање) — филм на режисерот Влатко Филиповиќ од 1982 година. Главните улоги ги играат: Мето Јовановски, Ведран Периќ, Миралем Зупчевиќ, Радош Бајиќ.[1]

Содржина

[уреди | уреди извор]

Еден сликар повторно ги преживува траумите од своето детство за време на војната при што доаѓа во судир со околината, но и со себе. Непрекидно барајќи ја смислата на животот, тој на крајот останува сам со своите дела и убеден дека токму неговите слики ќе го надживеат и ќе сведочат за неговиот живот.