Народен театар - Гевгелија
Основана | 1955 |
---|---|
Вид | театар |
Седиште | ул. „7 Ноември“ бб |
Место | Гевгелија |
Службени јазици | македонски |
Народниот театар - Гевгелија - културна установа, односно театар со седиште во Гевгелија.
Историја
[уреди | уреди извор]Народниот театар во Гевгелија бил изграден во 1953 година и претставува едно од позначајните културно-архитектонски обележја на градот. По земјотресот во 1990 година и пожарот во 1996 година, театарот бил надвор од употреба. После опожарувањето била извршена санација на конструкцијата и покривот на објектот, но неговата внатрешност и фасадата останале во руинирана состојба.[1]
Во седумдесеттите години на минатиот век во овој објект било создадено КУД „Јосиф Јосифовски - Свештарот“ во чии рамки, со помош на познатиот драмски уметник Мите Грозданов биле поставени претставите „Црнила“, „Вечни студенти“, „Алат“, „Јама“ и други.[2]
На 14 април 2003 година, Владата на Република Македонија со одлука го предала Народниот театар да биде под јурисдикција на Општина Гевгелија.[3]
Во ноември 2010 година било најавена целосна реновација на театарот.[1] Вредноста на проектот бил 650 илјади евра, 500 илјади од Европската комисија и 150 илјади од Општината.[2] На 17 декември 2011 година, театарот бил пуштен во употреба со претставата „Свадбата на Фигаро“.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Биста на Игор Ѓорески-Хектор во дворот на театарот. Тој бил еден од загинатите во хеликоптерската несреќа кај Блаце.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Половина милион евра за реновирање на театарот во Гевгелија“. build.com.mk преку web.archive.org. 15 ноември 2010. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.
- ↑ 2,0 2,1 „По две децении Гевгелија доби нов театар“. slobodnaevropa.mk преку web.archive.org. 15 декември 2011. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.
- ↑ „Одлука за престанување и пренесување права на недвожност „Народен театар" Гевгелија“ (PDF) (34/03. изд.). Службен весник на Република Македонија. 15 ноември 2010. Посетено на 13 ноември 2020.
- ↑ „По две децении Гевгелија доби нов театар“. Влада на Република Македонија преку web.archive.org. 19 декември 2011. Архивирано од изворникот на 13 ноември 2020. Посетено на 13 ноември 2020.