Набљудувачки јон
Изглед
Набљудувачки јон — јон кој постои и како реактант и како продукт во една хемиска равенка. Набљудувачките јони се среќаваат во реакции во воден раствор помеѓу натриум хлорид и бакар(II)сулфат:
- 2Na+ + 2Cl- + Cu2+ + SO42- → 2Na+ + SO42- + CuCl2 (цврсто)
Na+ и SO42- јоните се набљудувачки јони бидејќи остануваат несменети на двете страни од равенката. Тие, едноставно ги "набљудуваат" реакциите на другите јони, во согласност со името.