Муштулук
Изглед
Муштулук[1][2] или мужде[3][4] — обичај да се плати за добра вест на оној кој прв ќе ја јави.[5] Муштулук е персиски збор и се користи за време на среќни настани (раѓање на дете, свршувачка, враќање од печалба, итн.). Обичај е човек, гласник, кој ја носи веста и кој се нарекува муштулугџија, да оди од член до член на семејството, односно секој што го интересира радосната вест, а секој посебно плаќа.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „муштулук“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „муштулук“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мужде“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „мужде“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „Обичаи и верувања“. МИА. Архивирано од изворникот на 2022-01-01. Посетено на 1 декември 2022.