Мушиши

Од Википедија — слободната енциклопедија
Корицата на првиот том, вклучувајќи го Гинко

Мушиши (јапонски: 蟲師, буквално: Познавач на мушија; англиски: Mushishi) — фантастична манга нацртана од Јуки Урушибара, како и истоимена аниме-серија создадена од студиото Artland под раководство на режисерот Хироши Нагахама. Мангата била објавена од 1999 до 2008 г. и содржи 10 тома. Според истражувањето спроведено во 2007 г. од страна на Јапонското министерство за култура, таа е сместена на 9-то место меѓу најдобрите манги на сите времиња.[1] Аниме-серијата е адаптација на мангата и содржи 26 епизоди. Премиерата се одржала на 22 октомври 2005 г., а последното прикажување било на 18 јуни 2006 г.[2][3]

Содржина[уреди | уреди извор]

Во свет скриен од очите на обичните луѓе, постојат таинствени суштества — муши. Ни живи ни мртви, ни добри ни зли, не личат на ништо, а ги има во разни облици. Луѓето имаат склоност да бидат претпазливи за овие суштества, бидејќи тие честопати ненамерно предизвикуваат болест и штета. Но меѓу луѓето ги има и оние што ги гледаат мушијата и знаат како да општат со нив. Овие надарени луѓе се нарекуваат мушиши. Скитникот Гинко е мушиши што постојано се појавува таму каде што се случуваат чудни работи. Понекогаш го повикуваат на помош, понекогаш тој, откако слушнал за некоја загадочна појава, доаѓа самиот. Гинко одвај треба да се восприема како спасител на човештвото — тој е, напротив, љубопитен научник што е заинтересиран за сè таинствено.

Мушишијата веруваат дека не постојат лоши или добри суштества, секој само живее и го прави она за што дошол на овој свет. Тоа е мистицизам сврзан со секојдневниот живот на обичните луѓе. Мирна, лаконска, медитативна, светла и волшебна приказна што треба да се прими со срце.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. The Top 50 Manga Series | Japan Probe Архивирано на 2 јули 2012 г.
  2. 蟲師 [ キャスト&スタッフ ] (јапонски). Avex. Архивирано од изворникот March 25, 2018. Посетено на January 22, 2020.
  3. Loo, Egan (August 25, 2008). „Mushishi, Neo Angelique Manga Finish in Japan (Updated)“. Anime News Network. Архивирано од изворникот June 21, 2017. Посетено на January 27, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]