Мускулен систем

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мускулатура)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мускулниот систем е органски систем кој ги сочинува сите мускули во телото. Тој го претставува активниот дел од системот за движење, покрај скелетот, кој е пасивен дел од овој систем.

Мускулно ткиво[уреди | уреди извор]

Мускулни ткива

Мускулното ткиво е изградено од мускулни клетки со чија сообразена работа се овозможува движењето на одделни делови или на целото тело на човекот. Мускулните клетки што ги градат мускулните ткива, кои според своите особини, може да се поделат на следниот начин:

  • Скелетен мускул, кој заедно со делови на сврзливото ткиво, како што се тетивите го овозможуваат движењето на организмот. Овој вид ткиво се контрахира само под влијание на волјата, па затоа уште е познат и како свесен (волев) мускул.

Следните две групи мускулно ткиво создаваат конракции што не зависат од нашата волја, поради што се нарекуваат несвесни (неволеви) мускули.

Такви се:

  • Срцев мускул, кој го сочинува најголемиот дел од срцето и е наречен миокард.
  • Мазни мускули, наречени и внатрешни мускули, кои влегуваат во градбата на ѕидовите на внатрешните органи (со исклучок на срцето). пример за мазни мускули се мускулитe што овозможуваат движење на храната и другите материи по должина на дигествниот ракт, потоа мускулите во крвните садови, цевчињата што ја пренесуваат мочта од бубрезите и др. Ваков вид мускул има и во основата на влакната на телото.

Мускулно ткиво, слично како и нервното, може да се самообновува, но тоа не го прави секогаш, туку само тогаш кога е потрено, најчесто при повреди.[1]

Карактеристики и градба на скелетен мускул[уреди | уреди извор]

Градба на скелетен мускул: 1-коска, 2-перимизиум, 3-крвни садови, 4-влакно, 5-сноп, 6-ендомизиум, 7-епимизиум, 8-тетива
Скелетни мускули

Кога се гледа под микроскоп, посебните скелетни мускулни клетки се долги и кончести, поради што често се нарекуваат и мускулни влакна. Овие клетки во својата цитоплазма имаат повеќе јадра, односно се многујадрени. Поради присуството на бразди (пруги) тие добиваат и таков изглед, па затоа скелетниот мускул исто така се нарекува напречно-пругав мускул. Напречнопругавото мускулно влакно е издолжена клетка со цилиндричен изглед, долга и до неколку милиметри, па и сантиметри, со пречник од 500 микрони. При создавањето на мускулите, мускулните влакна се собираат во снопови, што се поврзуваат меѓу себе со сврзливо ткиво. Во секој мускул има крвни садови и нерви.


Хемиски состав на мускулите[уреди | уреди извор]

Во составот на мускулите влегуваат истите составни делови, што постојат и во другите ткива, но во различен сооднос. Процентуалниот состав на мускулното ткиво е даден во табелата:

Материја %
Вода 72,5-75,0
Суви материи 25-27,5
Неоргански соли 1,0
Растворливи органски материи 3-5
Протеини 18-20
Масти 3-5
Јаглехидрати 0,5-1,5

Органски составни делови[уреди | уреди извор]

Во мускулите се наоѓаат и трите основни видови органски соединенија. Така, од шеќерната компонента во составот на мускулитe има глукоген (2,5-1,5%), а малку глукоза.

Липидите во мускулите можат да се поделат на липиди на мускулна клетка и неутрални масти што се складираат меѓу мускулните влакна, чие количество зависи од дебелината.

Во мускулите има голем број протеини што се растоврливи или нерастворливи во мускулната цитоплазма. Особено значење за фунцкионирањето на мускулните клетки имаат протеините што се носители на мускулната контракција:

Освен овие во мускулните клетки постојат и други протеини што имаат специфични финцкии во текот на мускулната активност. Такви се тропомнозинот, тропонинот и други.

Во мускулите има и непротеински азотни материи, како што се АТФ, АДФ, креатин фосфат и др. АТФ и креатин фосфат се фосфорни соединенија богати со енергија со чие разградување се ослободува неопходна енергија за мускулната контракција.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Биологија за трета година на реформирано гимназиско образование - Мускулен систем - стр.41