Мултиметар
Мултиметар (авометар, унимер, универзален мерен инструмент) — уред за вршење на електрични мерења, кој обично се состои од волтметар, омметар и амперметар во едно куќиште. Корисникот може да одбере која величина ќе ја мери со преклопка со повеќе положби. Исто така овозможено е попрецизно мерење со префрлање на преклопката во соодветниот мерен распон[1].
Видови
[уреди | уреди извор]Мултиметрите се делат на два основни вида: аналогни и дигитални. Аналогните биле првите мултиметри и долго биле единствен вид, а денес сè помалку се произведуваат и користат. Аналогниот мултиметар има скала на која величината се отчитува со помош на стрелка. Дигиталниот мултиметар има дисплеј на кој со бројки се испишува величината.
Приклучоци
[уреди | уреди извор]На повеќето мултиметри постојат 4 посебни приклучоци за мерните кабли, често означени како COM, VOhm, mA, 10A. За мерење на отпорност и напон се користат приклучоците COM, VOhm, а за мерење на струја COM, mA, (за струи до 200 mA) и COM, 10A за поголеми струи од 200 mA, до 10A.
Литература
[уреди | уреди извор]- -{Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall}-, ISBN 0-13-098576-7, pp. 51 до 58
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Она што е мултиметар и како да се користи“. Посетено на 2019-03-28.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Мултиметар на Ризницата ?
|