Музеј Резан Хас

Од Википедија — слободната енциклопедија
Музеј Резан Хас
Rezan Has Müzesi
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 522: Unable to find the specified location map definition: "Module:Location map/data/Истанбул Турција" does not exist
Карта
Основанмај 2007
МестоЧибали, Истанбул, Турција
Типархеологија, култура, уметност
Мреж. местоrhm.org.tr

Музејот Резан Хас — приватен музеј кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Музејот е посветен на културата и уметноста. Резан Хас, сопруга на богатиот турски стопанственик Кадир Хас, го основал музејот во мај 2007 година. Музејот, сместен во историска зграда, се наоѓа во реонот Чибали во областа Фатих на јужниот брег на Златниот рог. Музејот е отворен за јавноста секој ден помеѓу 9-18 по месно време.

Музејот има многу невообичаена археолошка колекција и обезбедува простор за изложби во зградата на Универзитетот Кадир Хас[1][2].

Музејот се состои од цистерна која датира од 11 век, наречена „Каранлик чешме“ (во превод: „Темна фонтана“), која е една од ретките византиски градби надвор од Цариградските ѕидини покрај Златниот Рог. Друг важен дел од музејот е хамамот од 17 век од отоманската ера, кој се наоѓа на врвот на цистерната. Музејот има археолошки, културни и уметнички изложби[3][4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „About“. RHM. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 2011-11-14.
  2. „History“. RHM. Архивирано од изворникот на 2010-10-29. Посетено на 2011-11-14.
  3. „Ongoing Exhibitions“. RHM. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 2011-11-14.
  4. „Past Exhibitions“. RHM. Архивирано од изворникот на 2010-10-29. Посетено на 2011-11-14.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]