Мрвачки дијалект

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мрвачки или марвачки — говор на македонскиот јазик кој припаѓа на драмскиот дијалект. Го говори македонската етнографска група Мрваци во крајот Мрвачко кој денес се протега во делови од Пиринска и Егејска Македонија во Бугарија и Грција.

Фонетика[уреди | уреди извор]

Најважни диференцијални црти на мрвачкиот гоор од областа на фонетиката се[1]:

  • преодот на носовката ѫ во а во акцентирана позиција (г'аба, дап, зап, бер'ат, плет'ат итн.), а во неакцентирана позиција во а (кап'ина, пад'ар, маж'ето итн.)
  • замената на јус ѧ со е, кое што преовладува и со ' а (з'ат, кл'атва и др.)
  • мошне ретките и малубројни остатоци од назализмот (гл'амба, изм'ундри, т'енгал и др.)
  • преодот на ъ во а во акцентирана позиција (сан, в'ашка, так'аф)
  • генералзирањето на мекоста кај сите согласки
  • остуство на слеаните согласки џ и ѕ
  • чувањето на х во сите позиции

Морфологија[уреди | уреди извор]

Од областа на морфологијата и на синтакста поважни диференцијални рти на мрвачкиот говор се[1]:

  • множинската наставка кај именките од машки род (м'аже, риб'аре, коп'аче и др.)
  • множинска наставка -ета кај именките од среден род (в'ажета, к'учета, м'улета и др.)
  • членот во акцентирана позиција (град'а, син'а, нус'а' и др.)
  • заменските форми н'ехи ја, н'ехи' хи во акузатив и дативеднина за женски род и хми односно хим // хни за сите три рода во множина

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Дрвошанов, Васил (2014). Македонистички студии за Егејот. Скопје: Бата прес. ISBN 978-608-4654-44-5.