Мокеле-мбембе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мокеле-Мбембе
Diplosil.svg
Видкриптид
Подвид"Жив диносаурус", Езерско чудовиште
Подрачје Република Конго
Живеалиштемочуришта во Република Конго, езерото Теле
Илустрација.
илустрација на наводен изглед на Мокеле-Мбембеа
Еден можен жив диносаурус Мокеле-Мбембе.
цртеж Мокеле-Мбембеа oд страна на сведоци кои се срeтнале со суштеството.

Мокеле-Мбембе (англиски: Mokèlé-mbèmbé) наводно е криптид од езерото Теле во Република Конго, кое се појавува во митологијата на африканските племиња. Оваа суштество по изглед е слично со криптидите Амалиjи и Нсанга.

Потекло и значење на називот[уреди | уреди извор]

Име на оваа суштество доаѓа од Лингала јазикот што во превод значи "оној кој го запира текот на реката".

Опис на криптидот[уреди | уреди извор]

Се опишува како голем влекач кој што наликува на диносауруси од групата Сауроподи.[1] Оваа суштество е водоземен билкојадец кој се населува во мочуришни подрачја.

Хронологија на средби со ова суштество и видувања[уреди | уреди извор]

Бројни експедицији се спроведени во Африка во потрага по Мокеле-Мбембеом. Иако во неколку експедицији е наведено дека истражувачи имале блиски средби со оваа суштество, никој не бил во состојба да обезбеди неоспорливи докази дека оваа суштество постои.[2][3]

  • Во 1776 година Мокеле-Мбембе прв пат се споменува во записите, под свое име, од страна на францускиот мисионер Абе Лијевен Бонавентир во книгата "Историја на Лоанго, Каконга и други кралевстава во Африка" ("History of Loango, Kakonga, and Other Kingdoms in Africa"). Тој напишал дека видел огромни трагови на стапала од непознато, многу големо суштество [4] за кое локалните домородци тврделе дека се работи за Мокеле-Мбембеу;
  • Во 1909 година Паул Граз изјавил дека видел суштество кое го опишал како диносаурус од групата Сауроподи. Таа година и Џо Менгес рекол дека видел суштество слично на бронтосаурус[5]. Исто така истата година Мокеле-Мбембе се споменува во автобиографската книга "Ѕверови и луѓе" ("Beasts and Men") на славниот ловец на голем дивеч Карло Хагенбек. Тој наведува дека слушнал звуци на необично суштество за кое се наведува дека се опишува како "полу слон - полу змеј";
  • Од 1913 година долаѓа уште еден извештај од списите на германскиот капетан Лудвиг Фрајхер вон Штајн зу Лаусник. Тој слушнал приказни за огромен рептил за кој се тврди дека живеат во џунглата, и во својот званичен извештај вклучил опис на овој ѕвер;
  • Последно видување се случило во 2012 година[6].

Види уште[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Prothero, Donald (22. 6. 2011.). "A Living Dinosaur in the Congo? (Part 1)". Skepticblog.org. конс. June 2013. 
  • Prothero, Donald (29. 6. 2011.). "A Living Dinosaur in the Congo? (Part 2)". Skepticblog.org. конс. June 2013. 
  • Clark, Jerome (1993). Unexplained! 347 Strange Sightings, Incredible Occurrences, and Puzzling Physical Phenomena. Visible Ink Press. ISBN 0-8103-9436-7. 
  • Coleman, Loren (2003). The Field Guide to Lake Monsters, Sea Serpents, and Other Mystery Denizens of the Deep. New York: Jeremy P. Tarcher. ISBN 1-58542-252-5. 
  • Gibbons, William J., Missionaries And Monsters; Coachwhip Publications, 2006
  • Leal, M. E., 2004. The African rainforest during the Last Glacial Maximum, an archipelago of forests in a sea of grass; Wageningen: Wageningen University: ISBN 90-8504-037-X
  • Ley, Willy (1966). Exotic Zoology. New York: Capricorn Books.  (trade paperback edition)
  • Mackal, Roy P. (1987). A Living Dinosaur? In Search of Mokele-Mbembe. E.J. Brill. ISBN 90-04-08543-2. 
  • Ndanga, Alfred Jean-Paul (2000) 'Réflexion sur une légende de Bayanga: le Mokele-mbembe', in Zo, 3, 39-45.
  • Nugent, Rory (1993). Drums along the Congo: on the trail of Mokele-Mbembe, the last living dinosaur. Boston: Houghton Mifflin. ISBN 0-395-58707-7. 
  • Redmond O'Hanlon, No Mercy: A Journey Into the Heart of the Congo, 1997
  • Regusters, H.A.(1982) Mokele - Mbembe: an investigation into rumors concerning a strange animal in the Republic of the Congo, 1981 (Munger Africana library notes, vol. 64). Pasadena: California Institute of Technology (CIT). http://www.cryptoarchives.com/1900/1980/1981-regusters.pdf
  • Shuker, Karl P.N., In Search of Prehistoric Survivors. London: Blandford, 1995: ISBN 0-7137-2469-2
  • Sjögren, Bengt, Berömda vidunder, Settern, Мокеле-мбембе

Надворешни врски[уреди | уреди извор]