Михаил Стрифно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Михаил Стрифно — висок византиски службеник во слжба на царевите од семејството Ангели.

Стрифно првпат се споменува во 1192 година како себаст и одговорен за трезорот вестариј, во служба на царот Исак II (1185–1195).[1][2] Стрифно во тој период се оженил со сестрата на царицата Евросина Дукина Каматерина, сопругата на Алексиј III (1195–1203) и со оваа поврџаност се стекнал со титулата мега дукс, и одговорен за византиската морнарица.[1][2] Современикот историчар Никет Хонијат го опишува како човек со „невообичаена алчност и ретка неискреност“, кој својата положба ја искористил да ги продаде едрата, котвите и другата опрема на флотата, седо самите клинци.[1][2] Нрговите дела го означиле делотворниот крај на византиската флота, која подоцна не била во можност да се спротистави за време на Четвртата крстоносна војна неколку години подоцна.[1]

Како мега дукс, тој бил исто така владетел на новата споена тема Елада и Пелопонез (јужна Грција), и во ова својство се упатил во Атина околу 1201–1202 година за да се спротистави на зголемената моќ на Лав Сгур, месен моќник кој се прогласил за автономен владетел. Изгледа дека неговиот обид да се справи со Сгир бил неуспешен, Михаил Хонијат, сепак составил енкономиј во негова чест.[1][2] Зачувани се три печати од Стрифно,[2] како и голем златен прстен, кој најверојатно му бил доделен во чест на неговото назначување за мега дукс.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 Brand & Cutler (1991), p. 1968
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Guilland (1967), pp. 546–547
  3. Ross (2005), pp. 108–109

Извори[уреди | уреди извор]