Митровац на Тара

Од Википедија — слободната енциклопедија

Митровац на Тара е туристичка населба и селска населба Перуќац, на планината Тара, во општината Бајина Башта. Се наоѓа на благо заталасана истоимена висорамнина, на 26 км од Бајина Башта, во висинска зона од 1.055 до 1.100 м.н.в. и најпознат е по големото детско одморалиште.[1]

Положба[уреди | уреди извор]

Митровац до 1956 година бил скоро ненаселено место кога група природоници од Академијата на науките го одбрала за идно детско летувалиште порадистабилната клима, чистот воздух, големиот број на сончеви часови и особено „роза на ветровите”. Имено на Митровац постојано пирка поветарец донесувајќи чист воздух.

Населбата плански е изградена во 1979 година како туристички центар, на Митровац постои детско одморалиште, шест павилјони со 600 легла, изградено од 1977 до 1979 година, Спортскиот камп „Митровац”, Авантуристички адреалин парк, рекреативна жичара Тисово ридот-Митровац и Репушњак-Митровац, Центар за спортови на вода „Еезеро Заовине”, стадион, викендици за одмор и ловечки дом. Од останати услужни објекти во населбата се наоѓа објект за изведување на културни и туристички манифестации - Центар за посетители на НП Тара (со сувенирница, инфо-пулт, природничка и етно-поставка), пошта, етно ресторан Кчара и др.

Туристичка зона на Митровац[уреди | уреди извор]

Туристичката зона на Митровац, дефинирана е со Просторен план за подрачја со посебна намена во НП Тара и Мастер планот за развој на туризмот за планината Тара. Опфаќа простор од Заовинското езеро на југ, преку Митровац, до туристичката зона и Перуќачкото езеро на север. Оријентирана е кон развој на рекреативниот туризам, насочен кон ученичката популација.

Во непосредна близина на Митровац се наоѓа Природниот резерват од прва (највисока) категорија Црвени поток, а во рамки на него „Тепих ливада“.

Исто така во рамки на Митровац е и Совина шумска учионица, (македонски јазик Совина шумска училница).

Во близина на Митровац се езерата:

Видиковци:

Овде се наоѓа Спомен-чешма Митровац.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Лексикон националних паркова Србије - ТАРА. Београд: ЈП Службени гласник; ЈП Национални парк Тара;ГИ "Јован Цвијић"-САНУ. 2015. стр. 191–195. ISBN 978-86-519-1899-8. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help); |access-date= бара |url= (help)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Национални парк Митровац на Тари: Митровац на Тари, приступ 13 мај 2013

Надворешни врски[уреди | уреди извор]