Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени (Турција)
Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени | |
---|---|
Çevre, Şehircilik ve İklim Değişikliği Bakanlığı | |
Седиштето на Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени во Анкара, Турција. | |
Податоци за органот | |
Основан | 29 Јуни 2011 |
Претходници | Министерство за јавни работи (1920–1983) Министерство за развој и домување (1958–1983) Министерство за јавни работи и домување (1983–2011) |
Седиште | Анкара |
Надлежен министер | Мурат Курум |
Deputy Ministers responsible | Рефик Тузчуоглу Фатма Варанк Хасан Сувер Ведад Гурген |
Мрежно место | |
csb.gov.tr/en |
Министерство за животна средина, урбанизација и климатски промени — владино министерство на Република Турција, одговорно за животна средина, јавни работи, и урбанистичко планирање во Турција. Министерството го води Мурат Курум.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Министерството е формирано во 1983 година преку спојување на Министерството за јавни работи, формирано на 3 мај 1920 година и Министерството за развој и домување кое е формирано 1958 година. Резултатот бил Министерството за јавни работи и домување, кое во 2011 година било преименувано во Министерство за животна средина и урбанизација.[2] Во 2021 година на името биле додадени климатските промени.[3]
Организација
[уреди | уреди извор]Со Министерството за животна средина, урбанизација и климатски промени раководи министер кој го именува претседателот на Турција. Министерството има повеќе одделенија и агенции, меѓу кои Генералниот директорат за управување со животната средина, Генералниот директорат за оцена на влијанието врз животната средина, Генералниот директорат за планирање на просторот, Генералниот директорат за еколошко образование и учество на јавноста и Генералниот директорат за климатски промени.
Одговорности
[уреди | уреди извор]Министерството е одговорно за борба против климатските промени во Турција[4] и еколошките прашања во Турција. И покрај тоа што Министерството за енергетика било претставено во Координативниот одбор за климатски промени и управување со воздухот, во 2018 година Европската комисија го критикувала недостатокот на координација помеѓу политиката за климатски промени и енергетската политика на Турција.[5] Главен претставник за климатски промени е Мехмет Емин Бирпинар, заменик министер за животна средина.[6] Според Министерството, амнестијата за градежни стандарди од 2018 година собрала 24 милијарди лири (4,2 милијарди американски долари), но од 2023 година сè уште не е познато колкав дел од зградите што се урнале во земјотресот во 2023 година имале корист од амнестиите за градежни стандарди.[7] По земјотресот во 2023 година, претседателот Ердоган издал декрет дека Министерството ќе биде единствениот носител на одлуки за нови станбени проекти во областите погодени од земјотресот.[8]
Националната агенција за животна средина била основана во 2020 година, но до 2022 година не била оперативна.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Yeni Kabine listesi açıklandı, bakanlar belli oldu! İşte yeni Bakanlar Kurulu isim listesi“. Habertürk (турски). 4 June 2023. Посетено на 4 June 2023.
- ↑ „Our History“. Архивирано од изворникот на 2023-05-01. Посетено на 2021-01-19.
- ↑ „'Climate change' added to the name of Turkey's Ministry of Environment and Urbanization“. Bianet.
- ↑ „Turkey's Climate Change Policy, Legal and Institutional Framework“ (PDF).
- ↑ Turkey 2018 Report p92, European Commission, 17 April 2018
- ↑ csb.gov.tr. „Prof. Dr. Mehmet Emin BİRPINAR - T.C. Çevre, Şehircilik ve İklim Değişikliği Bakanlığı“. csb.gov.tr (турски). Архивирано од изворникот на 2023-04-27. Посетено на 2023-04-27.
- ↑ „Erdoğan under fire as shoddy Turkish building standards exposed by earthquake“. Financial Times. 2023-02-14. Посетено на 2023-04-27.
- ↑ Buyuk, Hamdi Firat (2023-02-24). „Erdogan Allows Faster Quake Housing With Presidential Decree“. Balkan Insight (англиски). Посетено на 2023-04-27.
- ↑ „Türkiye Report 2022“. neighbourhood-enlargement.ec.europa.eu (англиски). Посетено на 2023-04-27.