Милесова градина

Од Википедија — слободната енциклопедија

Милесова градина е уметнички музеј и градина на скулптури, сместен на островот Лидинге во Стокхолм, Шведска. Се наоѓа на просторот на некогашниот дом на вајарот Карл Милес (1875–1955) и неговата сопруга, уметничката Олга Милес (1874–1967). Милесовата градина се состои од три главни дела: некогашниот дом на уметникот, уметничката галерија и парк на скулптури. На површина од 2 ха, на три тераси приспособени на теренот, се наоѓаат околу 200 фигури, меѓу кои има и 10 фонтани.[1][2]

Историја[уреди | уреди извор]

Во 1906 година, уметничкиот пар Карл и Олга Милес ја купиле парцела во Лидинг. Куќата ја проектирал архитектот Карл М. Бенгтсон (1878-1935) и свечено била отворена во 1908 година. Подоцнежните реновирања и доградби биле работени во соработка со милесовиот брат архитектот Еверт Милес (1885-1960). Планирале да изградат дом поврзан со уметноста. Во Милесовата градина воглавно се дела на Карл Милес. На влезот на средната тераса се наоѓа скулптурна градина и уште една вајарска работилница, Мало ателје. Ова било примарното живеалиште на Карл и Олга Милес до 1931 година. Во 1936 година Милесовата градина била трансформирана во фондација која била поклонена на шведскиот народ.[3][4]

Капелата во шумата била додадена кон крајот на 1940-те и е место каде што биле погребани Карл и Олга Милес. На почетокот на 1950-те, се градрла куќата на Ана според цртежите на Еверт Милес. Куќата била наменета за секретарката на Милес, Ана Хедмарк (1899-1993), која во 1950 година го зазела местото на домаќинка и кустос во Милесовата градина. Таму живеела до 1986 година.

Најновата зграда е уметничката сала, која се наоѓа до едната страна од долната тераса. Уметничката сала ја дизајнирал архитектот Јохан Селсинг, а свечено била отворена во октомври 1999 година.[5]

Милесовата градина во популарната култура[уреди | уреди извор]

Милесоват градина е место на воведната сцена на познатиот научно-фантастичен роман на Пол Андерсон, Тау Зеро, а опишани се неколку дела од градината на скулптури.[6]

Галерија[уреди | уреди извор]

Згради во Милесовата градина[уреди | уреди извор]

Ентериер[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Bergström, Anders; Nolin, Catharina (2004). Millesgården : arkitektur & trädgård (Swedish). Stockholm: Atlantis. ISBN 91-7486-799-7.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  2. „Olga Milles“. Svenskt biografiskt lexikon. Посетено на September 1, 2019.
  3. „Bengtson, Karl (1878 - 1935)“. KulturNav. Посетено на September 1, 2019.
  4. „Milles, Evert (1885 - 1960)“. KulturNav. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на September 1, 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  5. „Millesgården“. Visit Stockholm AB. Посетено на September 1, 2019.
  6. Anderson, Poul Tau Zero, Doubleday, 1970, p.1

 

Други извори[уреди | уреди извор]

  • Андерс Бергстром (2004) Милесгарден - Архитектура и Троица (Стокхолм: Атлантис)ISBN 91-7486-799-7

Надворешни врски[уреди | уреди извор]