Микашист

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карпа со микашисти
Тенки листови од микашист

Микашистите се мошне распространети метаморфни карпи со среден или висок кристалитет. Структурно се лепидобластични, додека текстурно се шкрилави. Настануваат со метаморфоза (видоизменување) на глинестите карпи.

Микашистите се изградени од кварц и лискуни, како важни состојки. Од групата лискуни најчесто се застапени мусковит, а нешто поретко биотит. Отпорни се кон хемиско распаѓање, но поради составот и добро изразената шкрилавост, лесно подлежат на механичко распаѓање.

Листови од микашист