Меренре Немтиемсаф I

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Меренре I)
Меренре
Антиемсаф
Мала дрвена кутија со врежани имиња и титули на Меренре Немтиемсаф I, музеј Лувр
Фараон на Египет
Владеел2287–2278 п.н.е. 9 години, 6-та династија
ПретходникПепи I
НаследникПепи II
ДецаАнкесенпепи III
ТаткоПепи I Мерире
МајкаАнкесенпепи I

Меренре Немтиемсаф I (владеел 2287–2278 п.н.е.) бил четвртиот крал на Шестата династија во Египет. Неговото име, повикувајќи се на Немти, порано се читало како Антиемсаф, читање за кое сега се знае дека е неточно.

Биографија[уреди | уреди извор]

Меренре бил син на Пепи I и Анкесенпепи I, и внук на женскиот везир Небет и нејзиниот сопруг Куи.

Кралските печати и камени блокови од шестата династија пронајдени во Сакара покажуваат дека тетката на Меренре, кралицата Анкесенпепи II, била сопруга на Пепи I, а потоа и на самиот Меренре. Бидејќи каменот од Јужна Сакара покажува дека владеењето на Меренре е меѓу Пепи I и Пепи II, и траело минимум нешто повеќе од една деценија, ова индиректно укажува дека Меренре I бил татко на Пепи II, наместо Пепи I како што традиционално се претпоставуваше. Ќерката на Меренре, Анкесенпепи III, била сопруга на Пепи II.

Пирамида[уреди | уреди извор]

Меренревата пирамида е изградена за време на Шестата династија во Египет кај Сакара 450 метри југозападно од пирамидата на Пепи I и на слично растојание од пирамидата на Џедкаре.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kinnaer, Jacques. "The Pyramid of Merenre I". Accessed September 20, 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]