Мањифико (музичка група)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мањифико - македонска мизичка група, која изведувала латиноамериканска музика.

Состав[уреди | уреди извор]

Вокално-инструменталниот ансамбл „Мањифико“ го сочинувале:[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Во текот на 31-годишното постоење, групата настапила во 37 земји, остварувајќи 3.700 концерти,а покрај тоа учествувала и на 600 добротворни настапи. Притоа, се проценува дека концертните настапи на групата ги посетиле преку седум милиони посетители. Дискографијата на „Мањифико“ вклучува 28 мали плочи, пет албуми, четири аудио-касети, една видео-касета, три компакт-дискови и едно ДВД. Речиси сите изданија на „Мањифико“ биле продадени во златен или сребрен тираж. На радио-станиците биле емитувани 192 емисии посветени на „Мањифико“, а групата учествувала на 140 програми на вкупно 16 телевизиски канали. Нивниот концертен репертоар вклучувал вкупно 320 песни, најмногу од латиноамериканското и шпанското поднебје, но и македонски староградски песни. Во 2017 година, групата „Мањифико“ ја добила наградата за животно дело, што ја доделува манифестацијата „Златна бубамара на популарноста“.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. С.А.Н., „Награда за животно дело за ансамблот Мањифико“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.
  2. С.А.Н., „Награда за животно дело за ансамблот Мањифико“, Дневник, година XXI, број 6288, понеделник, 13 февруари 2017, стр. 19.