Прејди на содржината

Мајка Свеа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мајка Свеа
Мајка Свеа

Мајка Свеа (шведски: Модер Свеа) е женска персонификација на Шведска и патриотски амблем на шведскиот народ.

Мајка Свеа обично е прикажана како моќна жена и како заштитник која често држи штит и стои покрај лав. Свеа е шведско женско лично име кое потекнува од svea, стара множинска форма што значи „на Швеѓаните“. Се појавува во Svea rike, превод на стариот шведски збор Sverige, шведското име за Шведска.

Се смета дека популарната слика е создадена од шведскиот писател Андерс Леијонстед (1649–1725) која за првпат била претставена во неговата поема од 1672 година - Svea Lycksaligheets Triumph.[1]

Како патриотски симбол, Модер Свеа има стекнато широка популарност во Кунга Скалд (1697), напишана од шведскиот поет Гуно Еурелиус (1661–1709) во чест на шведскиот крал Чарлс XI.

Мајка Свеа често се појавува како национален симбол во шведската литература и култура од 19 век. Таа исто така се појавува на разни шведски банкноти повеќе од седумдесет години, како што се банкнотата од 5 круни отпечатена помеѓу 1890-1952 година и банкнотата од 5 круни отпечатена помеѓу 1954-1963 година.[2]

Шведската пејачка Лена Филипсон и композиторот Торгни Седерберг имаат напишано песна со наслов Модер Свеа која е воведена во албумот Лена Филипсон од 1995 година.[3]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Hofberg, Herman; Heurlin, Frithiof; Millqvist, Viktor; Rubenson, Olof (1906). Svenskt biografiskt handlexikon: alfabetiskt ordnade lefnadsteckningar af Sveriges namnkunniga män och kvinnor från reformationen till nuvarande tid (шведски) (Ny uppl. /grundligt genomsedd, omarbetad och till våra dagar framförd af Frithiof Heurlin .... изд.). Stockholm: Bonnier. Посетено на 2013-04-11.
  2. „5-kronor banknote“. Riksbank. Архивирано од изворникот на September 27, 2011. Посетено на 2013-04-11.
  3. „Lena Philipsson - Bio (All Media Guide, LLC.)“. Jango.com. Посетено на 2013-04-11.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]
  • Olsson, Bernt; Algulin, Ingemar (1987). Litteraturens historia i Sverige (шведски). Stockholm: Norstedt. ISBN 91-1-873022-1.