Мафиозо (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Мафиозо“ (италијански: Mafioso) — филм на режисерот Алберто Латуада (Alberto Lattuada) од 1962 година, снимен по сценариото на Рафаел Аскона (Rafael Azcona) и Бруно Карузо (Bruno Caruso). Главните улоги ги играат: Алберто Сорди (Alberto Sordi), Норма Бенгел (Norma Bengell), Габриела Конти (Gabriella Conti) и Уго Атанасио (Ugo Attanasio). Во 2008 година, фиолмот бил вклучен во списокот на 100 италијански филмови ставени под заштита на италијанското министерство за културно наследство.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Антонио Бадаламенти е фабрички надзорник во северна Италија кој сака ред и дисциплина. Тој ги носи жената и двете деца на Сицилија за да се запознаат со неговото семејство. И додека уживаат во одморот, Антонио полека тоне во обичаите кои ги познава од детството. Тогаш, локалниот моќник дон Винченцо и неговите луѓе бараат од Антонио една услуга...

Наводи[уреди | уреди извор]